Author: Author 04

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2 процента. Како што соопштија од прес-службата на централната банка, одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според официјалните податоци заклучно со првиот квартал од 2026 година. Оваа одлука директно ги рефлектира моменталните економски прилики и стабилноста која се бележи кај банкарските субјекти во државата. „Оваа стапка ќе важи од третото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови и на состојбите…

Повеќе

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма говореше за реализацијата на владината програма, улогата на партијата во извршната власт и клучните политички прашања. Осврнувајќи се на причините поради кои ЗНАМ стана дел од владејачката коалиција, Димитриевски истакна дека главната цел била да се спречат негативните политички сценарија од минатото и да се обезбеди посилна застапеност на македонските национални интереси. „ЗНАМ влезе во оваа коалиција за да не гледаме реприза на она што се случуваше во минатото. Нашите мотиви да влеземе во Владата беа Македонците повеќе да не се чувствуваат како граѓани од…

Повеќе

Бруталното убиство на 28-годишна наставничка минатиот петок длабоко го потресе градот Тауфкирхен во австрискиот регион Инвиртел, откако нејзиниот колега ја лишил од живот на работното место, а потоа извршил самоубиство. Трагедијата се случила во училишната библиотека на средното училиште Билгер-Брештет, каде 29-годишниот наставник, кој истовремено ја извршувал и функцијата заменик-директор, ја повикал колешката на разговор по завршувањето на часовите. Откако влегле во просторијата, тој најпрво ја избодел со нож, а потоа ја застрелал три пати во главата, по што ја заклучил вратата од библиотеката и побегнал со автомобил. Се верува дека сторителот се застрелал себеси додека бегал, по што неговото…

Повеќе

Денешниот ден носи интересна астролошка комбинација каде Месечината влегува во знакот на Лав и не поттикнува на забава и креативност. Сепак, синопсисот на небото предупредува на опозицијата помеѓу Венера во Лав и Плутон во Водолија, што може да испровоцира љубомора и борба за контрола. Астролозите советуваат денес да не докажувате кој е во право и да не кажувате зборови што подоцна ќе посакате да ги повлечете. Овен Ве очекува ден исполнет со желба за дружење и романтика. Можно е да привлечете внимание од интересна личност или да добиете неочекувана покана. На љубовен план, избегнувајте драматични реакции ако работите не одат…

Повеќе

Вчера во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Ј.Ј.(44) од село Нижеполе, битолско. Како што се наведува во полицискиот билтен, 44-годишната жена била уапсена затоа што се однесувала агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на настанот против неа ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Иницијативите за ограничување на можноста за користење вето во процесот на проширување на Европската Унија претставуваат позитивен исчекор, оцени претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, но нагласи дека е прерано за конечни оценки додека не бидат објавени официјалните документи. Таа смета дека пречките со кои се соочува Македонија на евроинтегративниот пат се „ирационални“ и повика фокусот да биде ставен на исполнување на копенхашките критериуми. Одговарајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на адвокатурата во Адвокатската комора, Сиљановска-Давкова рече дека како позитивен го гледа обидот за релативизирање на правото на вето во процесот на проширување. „За мене што е добро, што…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, до општинскиот Совет достави иницијатива за итно усвојување на предлог-одлуки кои имаат за цел значително зголемување на безбедноста на плажите. Оваа институционална реакција доаѓа веднаш по вчерашниот трагичен случај во близина на „Машка плажа“ на Охридското Езеро, во кој живот го загуби 20-годишно момче. Според градоначалникот, со носењето на оваа одлука директно би се намалила узурпацијата на плажите. Тој посочува дека лицата кои моментално стопанисуваат со нив, често не плаќаат соодветни надоместоци кон општината и воопшто не преземаат мерки за заштита и безбедност на посетителите. Како една од клучните и итни точки во рамките…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде вонредно известување за нагла промена на метеоролошките услови и појава на невреме во два региони во државата. Според официјалните податоци од радарските системи на синпотичарите, најкритична е состојбата во Источна Македонија, каде се бележат поинтензивни атмосферски процеси. „Според радарската слика во Беровскиот регион има појава на пороен дожд проеследена со грмежи и заселен ветер.“ Паралелно со ова, нестабилна воздушна маса во исто време е активна и во западниот дел на земјата, каде исто така се регистрирани врнежи и електрични празнења. „Во Мавровскиот регион појава на умерен дожд и грмежи.“ Граѓаните и возачите во…

Повеќе

Во Владата на Република Македонија денеска свечено беше потпишан Договор за грант во вредност од 2,4 милиони американски долари помеѓу АД ЕСМ и Светска банка. Со овие средства официјално започнуваат подготвителните активности за реализација на големиот проект за когенеративната централа „РЕК Битола 1“. На свеченоста, покрај претставниците на Светска банка и АД ЕСМ како директни потписници, присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа. Министерката за енергетика Сања Божиновска во своето обраќање истакна дека ова потпишување…

Повеќе

Денеска Владата го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Северна Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи. Воведувањето на системот најпрво ќе започне на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширено и на останатите гранични премини со Албанија. Ова ќе овозможи поедноставно, побрзо и побезбедно преминување на државната…

Повеќе