Author: Author 04

Влера во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција. Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором одзеле повеќе козметички производи. По целосно документирање на случјот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција побара повлекување на предложените измени на законот за високо образование и потенцираше дека водат кон владина контрола над универзитетите и рушење на автономијата на универзитетите. „Предложените измени на законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина контрола врз универзитетите, една форма тоталитаризам. Создаваат дискриминација кај младите, ја рушат автономијата на универзитетите и отвораат врата за партизација и креираат системски и социјални неправди“, посочи Филипче. Во однос на владината контрола на универзитетите и рушење на автономијата, со овие предложени измени брутално се централизира моќта кај…

Повеќе

Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати жестоки критики до поранешниот министер за здравство Венко Филипче, нарекувајќи го „симбол на корупцијата“. Според Манасиевски, трагедијата во Тетово, каде живи изгореа 14 лица, директно се должи на свесното заобиколување на законите за градење и заштита од пожари. Манасиевски посочи на фрапантни бројки во врска со финансирањето на овие објекти: „Биле потрошени само 300.000 евра од вкупно 30 милиони наменети за модуларните болници. Тоа е само 1%. Каде отидоа останатите 99% од парите, одговор сè уште нема“, обвини Манасиевски. Тој додаде дека Филипче и Заев намерно го смениле Законот за градење…

Повеќе

Мобилните царински тимови во текот на 2025 година оствариле 271 случај на заплени, при што во 39 случаи запленети се 5.500 штеки цигари и 27,5 килограми тутун за наргиле, во четири случаи запленети се 195,5 килограми дрога, во 14 случаи запленети се 230 илјади евра, а запленети се и над 39 илјади парчиња лекови. Воедно, постигнат е значителен напредок за заштита на правата од интелектуална сопственост, при што во 39 случаи запленети се над 112 илјади парчиња производи со потпис на познати трговски марки. Извршени се над осум илјади прегледи на возила при што спречени се 28 кривични дела, како…

Повеќе

Фирмата ЦБД Медплант во вистинска сопственост на Тони Котев, поранешен функционер на СДС и близок човек на Заев и Филипче, уште од почетокот работела со пропусти, рече на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ . Иако Филипче тврдеше дека во негово време се било во ред, нашите информации велат друго. Имено, за да се складираат 30 тони дрога треба да помине процес од околу 4-5 години, што значи дека фирмата на Котев, работела незаконски од времето на Филипче и Заев. Денес, Заев и Филипче бегаат од името Тони Котев како од ѓаволот, се прават дека не го знаат а…

Повеќе

Вчера во 11:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Ургентниот центар Тетово е донесено бебе без знаци на живот. -Веднаш било постапено и е констатирано дека се работи за пет неделно бебе на И.А.(37) од Тетово. Увид на местото извршиле екипа од СВР Тетово и лекар од судска медицина, при што не се пронајдени траги на насилство, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот.

Повеќе

Денеска, во Собранието на Република Македонија, се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема „Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор“, на која се обрати и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски Во обраќањето, министерот посочи дека констатираните наоди се третираат со целосна сериозност и ќе бидат искористени како основа за понатамошни институционални унапредувања. Во извештајот се констатира дека во анализираниот период јавниот сектор немал воспоставена целосна стратешка, законска и инфраструктурна рамка за системска примена на ВИ. „Овие наоди се сериозни и ги третираме како основа за институционално…

Повеќе

Владата ја усвои новата Програма за директни плаќања за 2026 година, со која се воведуваат клучни промени во начинот на субвенционирање на земјоделците. Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, појасни дека главната цел на реформите е зголемување на домашното производство на храна и воведување строг ред при исплатата на државната помош. Како една од позначајните новини е минималното зголемување на површините кои се услов за добивање субвенции. Министерот е дециден – контролите на терен ќе бидат безмилосни за да се спречат досегашните злоупотреби. „Инспекторите се ставени на располагање на Платежната агенција за да се спречи одлевање на државни средства кај лица…

Повеќе

Министерството за транспорт информира дека, во тесна координација со Европската комисија, се работи на трајно решение за статусот на македонските превозници во рамки на Шенген зоната. Ресорните министерства веќе подолго време се во интензивен дијалог со ЕК со цел да се изнајде одржливо решение што ќе ги заштити интересите на домашните превозници. Според Министерството, во фокусот на разговорите е новата визна стратегија на Европската Унија, која предвидува можност возачите да бидат третирани како професионалци, како и разгледување на други видови визи кои би ја олесниле нивната работа во странство. Исто така, е потврдено дека примената на ЕЕС системот ќе биде…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе…

Повеќе