- Русија со предупредување: Србија е цел на сценарио за промена на власта по моделот на Евромајдан
- Вучиќ: Силниот не е оној што никогаш не паѓа, туку оној што секој пат станува
- Тетовчанка подолг период правела лажни машки профили на социјалните мрежи
- Заминал за Италија па му се запалила куќата во Македонија
- Изнајмил автомобил од рент-а-кар, па му го одзеле со закана и го продале: Две лица заработија кривични
- Заострување на казните и поголема старосна граница: Се менува Законот за воведените електрични тротинети
- Летал со 188 км/ч со „Порше“ на автопатот Куманово-Скопје, полицијата му го одзеде возилото
- (ФОТО) Тажна вест: Почина познатиот пејач Алекс Буено
Author: Author 04
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека Европа и светот се на раскрсница помеѓу војната и мирот, и оцени дека наскоро нема да има мир ниту во Источна Европа ниту на Блискиот Исток, и нагласи дека Србија го избира патот што ќе го избере за Сретење. Зборувајќи на церемонијата на доделување одликувања по повод Сретење – Денот на српската државност, Вучиќ рече дека светот и Европа денес се на пресвртница и на раскрсница на индустриски и технолошки револуции, кои, од една страна, влеваат надеж дека ќе живееме полесно и подобро, а од друга страна, ни се закануваат со целосно исчезнување.…
Вчера во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80). Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле. Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) утре ја реализира последната од серијата најавени блокади, а овојпат на нивниот нишан е зградата на Владата. Точно во 11 часот, влезовите на „Илинденска“ ќе бидат блокирани со барање за итно зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите плати за 100 евра. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, упати остри критики до власта и работодавачите, нагласувајќи дека македонскиот работник е премногу продуктивен за парите што ги добива. „Падна и последниот аргумент дека работниците не биле продуктивни. Еден работник создава 290.000 денари капитал месечно, а добива само 24.379 денари минимална плата.…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Затајување согласно член 239 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите и сефот, па во периодот од 18.12.2025 година до 04.02.2026 година, во повеќе наврати одземал парични средства што му биле доверени. Парите од дневниот промет не ги депонирал во сеф ниту ги предавал на овластено лице за собирање и транспорт на прометот. На овој начин…
За една седмица констатирани 4490 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, за 10% намален бројот на прекршоци споредбено со првата недела во февруари Во периодот од 09.02.2026 до 15.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.490 прекршоци, што претставува намалување за 10% во споредба со првата седмица во месец февруари кога беа регистрирани 4.991 прекршок. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4.297, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 33, а за управување со…
Вчера во 23:05 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријави дека oколу 21:00 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, со употреба на физички сила била насилно ставена во патничко возило, при што била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Е.М.(33). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Г.(34), Д.В.(34), Д.П.(48) и 16-годишник, сите од Скопје, како и Д.А.(20) од с.Ново Село, скопско, К.Ј.(25) и Ѓ.М.(33), двајцата од с.Петровец, скопско, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.М.(33), А.А.В.(23) и А.Ѓ.(23), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во периодот од октомври 2024 година до февруари 2025 година, пријавените се здружиле поради неовластена продажба и пуштање на промет на екстази – МДМА и за таа цел купувале, држеле, продавале и посредувале во неовластена продажба и пуштање во употреба поголема количина на екстази.
Вчера во 22:20 часот на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(35) од Скопје. При преглед во возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во кое се превезувал со уште едно лице, кај него е пронајден и одземен пиштол. Тој се сомничи дека на 15.02.2026 во 22:00 часот во угостителски објект во населба Скопско Поле, Трубарево, по претходно недоразбирање, со уште едно лице физички ги нападнале И.Ј.(31) од село Марино, општина Илинден и Б.А.(32) од населба Илинден, општина Илинден, при што А.С. му упатил закани на И.С. со пиштол,…
Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски на својот фејсбук профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно 15-те, во делот на изградбата на пругата Бељаковце- Крива Паланка. “Бележиме прогрес. Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија ( Бељаковце – Крива Паланка). Пробивањето на тунелите се смета за една и од поспецифичните градежни активности. А на овој проект оваа позиција е веќе завршена. И натаму моменталниот прогрес од страна на изведувачот не е според очекувањата но можам да соопштам дека најспецифичните сегменти од проектот полека се надминуваат…
