Author: Author 04

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено вдолж Повардарието, информираше УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен…

Повеќе

На денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“, претставник од Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги соголи слабостите и незаконското работење на Клиниката за онкологија во текот на 2021 година. Според сведочењето, набавката на скапата биолошка терапија не била резултат на стручни одлуки, туку на „историски податоци“, што отворило огромен простор за субјективност и фаворизирање на пациенти. Клучни наоди од ревизорскиот извештај:

Повеќе

Вистинска драма се одвивала вчера на скијачките терени на Попова Шапка. 24-годишниот Ф.М.Л. од Данска бил повреден откако го зафатила снежна лавина додека скијал. Среќата била на негова страна кога специјализирана екипа со соодветно возило успеала да го лоцира и да го извлече од снегот. Акцијата завршила успешно во 16:10 часот, по што повредениот странец е итно транспортиран кон главниот град. „По укажаната прва помош на терен, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје за понатамошно лекување“, потврди портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Повеќе

Вчера во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода Д.Р.(28) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп го засили притисокот врз Украина „брзо“ да постигне договор со Русија пред разговорите што ги организираат САД во Женева. „Подобро е Украина брзо да дојде на преговарачка маса“, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ на пат кон Вашингтон. Трамп се залага за крај на конфликтот што започна во февруари 2022 година, но претходните две рунди разговори во Абу Даби, посредувани од САД, не донесоа напредок, објави „Гардијан“. Москва инсистираше на територијални и политички отстапки од Украина за време на разговорите, што Киев го отфрли како еднакво на капитулација. Американската делегација во Женева ќе…

Повеќе

Силен земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја вознемири Грција синоќа, само три минути пред полноќ. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил лоциран во областа на Пелопонез, поточно северно од градот Триполи. Потресот бил почувствуван на пошироко подрачје, а длабочината од 28,6 километри придонела за специфичното ширење на сеизмичките бранови низ овој дел од земјата. Иако земјотресот предизвика паника меѓу локалното население, првичните информации се смирувачки. „Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени. Надлежните служби остануваат на терен и будно ја следат ситуацијата“, соопштуваат грчките власти.

Повеќе

Масерка (36) по потекло од Индонезија починала во спа центар во Санкт Петербург откако се разболела поради исцрпеност на Свети Валентин. Според колегите, жената се пожалила на замор на 14 февруари бидејќи работела речиси без пауза од утрото, бидејќи сите термини во спа центарот биле закажани. Откако се разболела, легнала на маса за масажа за да се одмори, но набрзо ја изгубила свеста. Итно била префрлена во болница, но и покрај напорите на лекарите, за жал починала два часа подоцна. Масерката дошла во Русија пред шест месеци за да заработи пари и живеела во спа центарот каде што работела. Зад…

Повеќе

Полската војска утрово е ставена во состојба на највисока борбена готовност. Како што соопшти Оперативната команда на вооружените сили, полски борбени авиони се веднаш подигнати во воздухот, а аеродромите во Жешов и Лублин се итно затворени. Причината е новиот масовен напад на Русија со беспилотни летала врз територијата на Украина. Од полската страна нагласуваат дека овие чекори се неопходни за да се заштити воздушниот простор на НАТО членката, додека во Украина истовремено беснее воздушна тревога во речиси сите региони. „Акциите се превентивни. Целта е максимално обезбедување на нашиот воздушен простор во моменти кога руските напади се случуваат во непосредна близина…

Повеќе

На денешен ден, пред точно седум години, музичкиот свет замолкна. Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, го загуби животот во стравична сообраќајна несреќа во Германија, оставајќи зад себе празнина која никој не може да ја пополни. На овој тажен ден, со емотивна објава се огласи и Марија Шерифовиќ. „Секој од нас поминува низ времето, но малкумина оставаат трага во него. Прашањето не е колку долго живееме, туку што останува зад нас. Ни недостига“, напиша Марија под црно-белата фотографија од легендата. Судбината сакаше последната песна што Шабан ја отпеа на својот последен настап да биде токму „Одлазиш, одлазиш“. Само неколку часа…

Повеќе

Рано утрово, околу пет часот, голем пожар избувна во зграда на улицата Милиќа Терзиќа во Златибор. Пожарот го зафати спа центарот што се наоѓа на приземјето од зградата. Поради густиот чад што брзо се ширеше низ зградата, веднаш започна евакуацијата на жителите, објавува Инстаграм страницата 192.rs. Некои, поради силниот чад во ходникот, беа принудени да ги напуштат своите станови преку балконот. За среќа, во инцидентот немаше повредени. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs)

Повеќе