- Млад Арачиновец со товарно возило удрил во возило на МВР
- Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михајлова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство
- Нетанјаху остана без поддршката од старите сојузници: Се отвора патот на Ајзенкот до премиерскиот мандат
- Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
- Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
- Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија
- Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
- Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
Author: Author 04
Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, но во попладневните часови се очекува развој на нестабилна воздушна маса. Според официјалното соопштение од Управата за хидрометеоролошки работи, попладнето носи ризик од локални поројни врнежи и дестабилизација на атмосферата. „Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи“, се наведува во билтенот. Вредностите на термометрите денеска…
Град Скопје претстојниов викенд ќе ја реализира редовната авионска дезинсекција на подрачјето на главниот град со цел уништување на возрасните форми на комарци. Акцијата на терен ќе се одвива во текот на двата дена од викендот, односно во раните утрински часови кога фреквенцијата на движење е најмала. „Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 27.06.2026 година (сабота) и на 28.06.2026 година (недела), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје“, се наведува во официјалното соопштение. Како и при секоја слична акција, спроведувањето на дезинсекцијата во голема мера…
Големиот пожар што избувна напладне во вторник во фабрика за пластика во областа Егалео во Атина, продолжува да гори, а противпожарните сили продолжуваат со битката за целосно гаснење. Повеќе од 16 часа по неговото избувнување, пожарот сè уште гори поради огромниот обем на запаливи материјали што се наоѓале во магацините и во просториите на фабриката. Густ чад продолжува да се издига од зградата, додека силни сили на Противпожарната служба континуирано работат со континуирани водни млазници. Се чини дека пожарот не се проширил на другите катови и засега нема информации за заробени или повредени лица. Луѓето успеале веднаш да излезат без…
Тетовската полиција вчера уапси малолетник од тетовско Порој кој возел во спротивна насока, па избегал од полицијата. Бегал низ улиците, а на паркинг удрил во полициско „јети“ со својот џип. – Претходно, во периодот од 03:00 до 04:00 часот на ул.„Ѓоце Стојчевски“ во Тетово, полициски службеници забележале патничко возило „џип“ со битолски регистарски ознаки како се движи во спротивна насока. Возачот не застанал на даден знак за запирање, туку со голема брзина го свртел возилото и продолжил да бега низ повеќе тетовски улици, информираат од МВР. Притоа, на паркинг простор на ул.„Илинденска“ со службено возило „шкода јети“ му бил попречен патот,…
Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“ и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во Скопје. Во својство на покровителка на фестивалот, таа истакна дека шпанската поезија има посебно место во неговата историја, потсетувајќи на учеството на Рафаел Алберти во 1978 година и на шпанскиот лауреат Хусто Хорхе Падрон, кој ќе остане запаметен по извонредните стихови посветени на Струга. За претседателката, Институтот „Сервантес“ одигра клучна улога во развојот и промоцијата на шпанскиот јазик и култура, за што, Луис Гарсија Монтеро има особена заслуга.…
Управата за хидрометеоролошки работи регистрираше сериозна дестабилизација на времето на повеќе локации во земјата, каде попладнево се развиваат силни облачни маси. Првиот бран веќе донесе влошување на временските услови на југот и на истокот. „Гевгелиско зафатено со невреме. Штипскиот регион зафатен со нестабилна облачна маса“. Истовремено, радарските софтверски системи на метеоролошката служба лоцираа ново брзо активирање на облачноста во Повардарието и во централна Македонија. „Според радарската слика се забележуваат јадра во развој во Неготинскиот регион и во Македнонски Брод“. Надлежните укажуваат дека процесите се локални, но во местата каде што ќе се појават јадрата, врнежите може да бидат поројни и…
Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, во денешната собраниска расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оцени дека по две години мандат ветувањата за професионална полиција, реформи и поголема безбедност останале само празни зборови. „Министерот Тошковски на самиот почеток на мандатот ветуваше професионална и ефикасна полиција, реформи, зголемување на безбедноста и довербата на граѓаните. Понатаму професионални критериуми за унапредување кои би се темеле на образование, искуство, способности и без политички критериуми“, истакна Бочварски. Тој посочи дека наместо најавените реформи, биле донесени законски решенија кои отвораат простор за политички влијанија и партизација во полицијата. „Се обидувавте преку принципи кои…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде итно предупредување за дестабилизација на времето во неколку региони низ државата, каде веќе се регистрирани интензивни врнежи и силен ветер. Најкритична е состојбата во југоисточниот дел на земјата, каде покрај поројните дождови, падна и град. „Струмица и околината зафатена од нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град“, соопштуваат од УХМР. Синоптичарите укажуваат дека оваа нестабилна облачна маса има континуиран правец на движење. Истовремено, силно невреме се развива и на североистокот од државата. „Во Кривопаланечкиот регион има нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, засилен ветер и…
Франција стана првата земја надвор од африканскиот континент која потврди случај на инфекција со вирусот ебола на своја територија, откако опасната болест е дијагностицирана кај лекар кој неодамна престојувал во Демократска Република Конго. Претходните сомнителни случаи во Бразил и Италија не беа потврдени од тамошните власти. Епидемијата, која во помал степен ја погоди и Уганда, е предизвикана од редок сој на вирусот познат како „Бундибуџо“, за кој во моментов не постои одобрена вакцина или специфичен медицински третман. Француското Министерство за здравство денеска соопшти за „идентификација на првиот потврден случај на заболување од вирусот ебола во земјата“. „Пациентот, кој се вратил…
ЦУК со пресек: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден горат бандери, дрвја и отпад
На територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати. Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад. Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во општините Куманово…
