Author: Author 04

Државната помош мора да биде јасно насочена, економски оправдана и во функција на конкурентноста и одржливиот раст, порача министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на регионалната панел дискусија на тема „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ„ кој се одржа во организација на „Фајнанс тинк“. Во своето обраќање, министерката нагласи дека секој денар од Буџетот мора да има економска оправданост и јасна развојна цел, додавајќи дека фискалната политика се темели на фискална консолидација и забрзан економски раст – цели кои се меѓусебно поврзани. „Фискалната дисциплина значи намалување на непродуктивните трошоци и насочување на…

Повеќе

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска ја заокружи серијата блокади со голем протест пред Владата. Лидерот на синдикатот, Слободан Трендафилов, упати јасна порака: простор за договор има само до крајот на овој месец. Доколку барањата за минимална плата од 600 евра и линеарно зголемување на сите останати плати за 100 евра не бидат прифатени, Македонија влегува во фаза на генерален штрајк. „Ако до крајот на февруари не се договорат, следува генерален работнички протест во неработно време на кој ќе бидат повикани сите. Ќе обезбедиме превоз за да нема изговор. Март е месецот на вистината“, изјави Трендафилов.

Повеќе

Вчера во 13:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лицето С.Д. (25) од Србија поради основано сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“ казниво по член 225 и член 244-а од Кривичниот законик. Имено, тој се сомничи дека во текот на 2025 година на место викано „Кралево брдо“ изградил објект без соодветна документација, што дополнително предизвикало ерозија на земјиштето и оштетување на соседни објекти, сопственост на И.И.. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје.

Повеќе

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска упати остра порака до раководството на Сојузот на синдикати (ССМ), обвинувајќи ги за политички популизам. Стојаноски детално појасни дека разликата меѓу времето кога ВМРО-ДПМНЕ била опозиција и денес е во тоа што сега ветувањата се преточени во реални и потпишани колективни договори. „Ако тогаш ССМ бараше линеарно зголемување од 2.806 денари, денес зголемувањата што ги реализираме се значително поголеми. Ние како власт не ветуваме на улица, туку реализираме преку проценти и договори“, истакна Стојаноски. Тој додаде дека првиот човек на ССМ се обидува да гради политичка кариера преку конфронтација, наместо преку институционален дијалог во…

Повеќе

Вчера во 06:10 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(50) од Пробиштип, удрило во 18-годишниот пешак Ф.А. од Пробиштип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа Пробиштип. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.

Повеќе

Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје

Повеќе

На традиционалните „Февруарски состаноци”, на кои седници одржуваат повеќе комитети на ПС на НАТО, во Брисел, Кралството Белгија, учествува Делегацијата од Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на НАТО.Состаноците се предвидени за учество само за постојаните делегации од националните парламенти на земјите членки на НАТО, со главна цел за продлабочување на дијалогот во НАТО институциите, размена на искуства и анализирање на актуелните безбедносни предизвици и јакнење на солидарната сојузничка одбрана.Од Собранието на Република Северна Македонија учествува Делегацијата во ПС на НАТО, во состав од пратениците: Драган Ковачки, шеф на делегацијата, членката Славјанка Петровска и заменик-членот Илир Хасани.На состанокот…

Повеќе

Денес премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс. „Разговаравме за унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес. Средбата помина во дух на пријателство, отворен дијалог и заедничка заложба за понатамошно зајакнување на односите“, истакна Мицкоски.

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска упати срдечни честитки до граѓаните и институциите на Република Косово по повод Денот на независноста. Во својата порака, Гаши го истакна значењето на овој празник како момент на национална гордост и потсетник на жртвите поднесени за градење на државата. Гаши потенцираше дека односите меѓу Република Северна Македонија и Република Косово се одлични и дека двете земји продолжуваат да го градат своето партнерство врз силни историски и општествени врски. „Независноста на Косово претставува триумф на слободната волја на граѓаните да изградат демократска, праведна и европски ориентирана држава“, истакнува првиот човек на Собранието во честитката.

Повеќе