Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Сопругот и золвата ме натепаа“: 32-годишна скопјанка се јавила во полиција
    • Средба на Хоџа со претставници на МАТТО: Зелените инвестиции се основа за одржлив развој
    • „Розовиот октомври“ одбележан во Чаир: Меџити порача дека раното откривање рак на дојка спасува животи
    • Драма на лет за Дизелдорф: Патници се разболеа во авион
    • Николоски за автопатот Охрид-Кичево: На терен има одличен напредок, се гледа крајот
    • Утре 30-тата класа питомци ќе даде заклетва на Воената академија во Скопје
    • 69-годишен маж извадил пиштол по караница во Желино, полицијата му поднесе кривична
    • Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мисајловски најави зголемување на платите во Армијата

    Мисајловски најави зголемување на платите во Армијата

    25.06.2026 во 13:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, најави почеток на преговори за нов колективен договор и покачување на примањата за припадниците на Армијата.

    Одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, тој нагласи дека Владата во моментов активно ги сервисира финансиските обврски наследени од претходниот период.

    „Од понеделник ќе започнеме со нов колективен договор, од следна година ќе се зголемат платите од Армијата, ќе се зголеми бодот и од наредните години со буџетот ќе има процентуално зголемување за Армијата. Од понеделник ќе седнеме заедно со сите синдикати, ќе разговараме за колективен договор“, изјави Мисајловски на прашањето од пратеничката Славјанка Петровска.

    Министерот појасни дека од почетокот на неговиот мандат се работи на расчистување на сериозни финансиски долгови, кои во голем дел произлегуваат од судски процеси.

    „Секоја година се соочуваме со неколку илјади тужби од минатото, кои се исплаќаат“, рече тој.

    Зборувајќи за финансиската кондиција на ресорот одбрана, Мисајловски потенцираше дека со актуелниот ребаланс на Буџетот, приоритет се дава токму на подмирувањето на старите сметки.

    „Во овој момент, со ребалансот, ги покриваме трошоците од минатото. Потребно е и понатамошно подобрување на капацитетите и инвестиции“, рече министерот.

    Петровска во своето прашање се осврна на буџетските кратења за 2025 и 2026 година, како и на стагнацијата на основната плата во изминатите две години.

    Во однос на ова, Мисајловски возврати дека во минатото бил потпишан колективен договор без да се обезбедат реални средства за негово спроведување, што довело до сегашните оптоварувања на буџетот.

    Прочитај повеќе

    Цената на нафтата расте

    21.10.2026 во 11:00

    Македонија како порта кон Централна Европа – Николоски разговараше со турскиот амбасадор

    21.10.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.