Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата

    08.07.2026 во 09:28

    Левица: Актуелниот изборен модел ги краде гласовите

    08.07.2026 во 09:25

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица се против полесно гласање на дијаспората

    08.07.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата
    • Левица: Актуелниот изборен модел ги краде гласовите
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица се против полесно гласање на дијаспората
    • СДСМ: Мицкоски сака да направи манипулација со 200.000 гласови од дијаспората
    • Сиљановска во Анкара: Најсилна е Европа која живее во мир и демократија
    • Ѓорѓиевски: Водно станува побезбедно и поуредно место
    • Кос, Јаневска и Сали во посета на „Стив Наумов“ – Во тек е голема реконструкција
    • Мисајловски на средби со министрите за одбрана на НАТО: Во фокус модернизацијата на Армијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Македонија има убедливо најниски цени на горивата во регионот

    Мицкоски: Македонија има убедливо најниски цени на горивата во регионот

    25.06.2026 во 14:143 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Тоа кое што е важно е да се каже дека голема е разликата, како ние ја амортизиравме кризата и како голем дел од соседите ја амортизира кризата. Се согласувам дека беше историски најголема, се согласувам дека ефектите и резултатите беа жестоки и се согласувам дека кај нас овие 3 ипол месеци поминаа би рекол многу едноставно, бидејќи ние во ниту еден момент не создадовме паника, не очајуваме, не правевме панични прес-конференции, туку напротив работевме за граѓаните тоа да не го почувствуваат. И кој е резултатот? Резултатот е дека имаме најниски цени убедливо денеска и во текот на кризата, но денеска ако ги споредите цените, ние имаме убедливо најниска цена на горивата“, порача Христијан Мицкоски на денешната седница за поставување на пратенички прашања.

    Претседателот Мицкоски направи компарација на цените на дизелот и бензинот, потенцирајќи дека Македонија денес има најниска цена на нафтата и бензинот споредбено со земјите од регионот.

    „Во Србија ако денеска наточете еден литар гориво, цената е 1,85 евра по литар, а ако наточете 95 октански бензин, тогаш е 1,63 евра по литар. Ако појдете во Хрватска, таму во зависност дали точите во градовите или на автопат, цената за нафта денеска се движи од 1,59 евра до 1,85 евра по литар, а за бензинот цената е 1,57 до 1,73 по литар. Во Словенија дизелот можете да го купите за 1,72, а безоловниот 1,60. Ако продолжете понатаму и стигнете до БиХ таму дизелот ќе го купувате за 1,50 евра, а безоловниот бензин за 1,46. Во Црна гора дизелот ќе го купувате за 1,55 евра, а безоловниот бензин за 1,59 евра. И потоа во Македонија, дизелот ќе го купите за 1,31, а безоловниот ќе го купите за 1,36. Од 20 до 50 евро центи е разликата од горивото кое што го точат граѓаните кај нас и граѓаните во овие земји“, нагласи тој и додаде:

    „Ова е берзанска роба и изворите и берзите се горе доле исти, значи цената би требало да е иста. Но, тоа што го направи оваа влада, со сите мерки кои што ги презема, е фактот дека имавме претприемачка логика. Начинот на кој што размислувавме беше сите оние изгубени даноци, бидејќи го намаливме данокот на додадена вредност и акцизите, да ги амортизираме со зголемена количина на продажба. И во тоа успеавме, бидејќи многу граѓани од Србија, Албанија, Грција доаѓаа кај нас и постоеја денови кога до 50 проценти беше зголемен конзумот на горивата кај нас. Ако внимателно следевте како ги читам цените, ќе забележете дека ние сме единствената земја каде што дизелот е поевтин од безоловниот“.

    На прашањето дали ќе има дополнителни мерки, премиерот Мицкоски одговори: 

    „Во овој момент не планираме, од проста причина што цените паѓаат. Очекуваме сега во понеделник, ако вака продолжат да паѓаат, уште едно уште поголемо намалување на цените на бензините и дизел горивото и на тој начин полека но сигурно да се вратиме на оние цени кои што беа кон крајот на февруари месец оваа година. И со тоа очекуваме дел од транспортните компании да ги вратат цените“.

    Прочитај повеќе

    До 10 компании ќе добијат поддршка за финансирање преку Македонската берза

    08.07.2026 во 08:13

    Top Employers Institute: Групацијата BALFIN се здоби со сертификатот Top Employer 2026

    07.07.2026 во 12:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.