Author: Author 04

Организираната криминална група ВМРО гордо соопшти дека завршиле првичните разговори за реконструкција на Владата. Исто како да го реконструираат Титаник, а не Влада. Рокот истекол, резултатот го знаеме, велат од СДСМ . „По долги и „конструктивни“ разговори, дојдоа до епохално откритие: ќе сменат неколку министри или ќе направат рокади на ресори.За да оваа Влада доживее вистинска реконструкција, прво би требало да го реконструираат премиерот.Затоа што токму тој ја води Владата, исто како што ја води и партијата. Значи – фан-клуб. Како во партијата, така и во Владата.Реконструкцијата, според нив, ќе донесе „повеќе одговорност, ефикасност и резултати“. Што во превод значи: ќе…

Повеќе

На триесет и двегодишниот Тони Ташев итно му е потребна финансиска помош од граѓаните за да замине на оперативен зафат, откако болеста со која претходно се изборил повторно се вратила. Тони веќе еднаш се соочи со тумор на мозокот, по што помина низ хируршка операција, зрачење и тешки хемотерапии. Сепак, последните медицински прегледи покажаа дека се соочува со рецидив и прогресија на болеста, што кај него предизвикува физичка слабост и губење на рамнотежата. Лекарите препорачуваат итна оперативна интервенција, но цената на операцијата изнесува повеќе од 10.000 евра. Ова е сума која неговото семејство не е во можност самостојно да ја…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, најави реализација на повеќе од 60 нови проекти во текот на претстојното лето, кои според неговите проценки директно ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните во оваа локална самоуправа. Процесот започнува во текот на следните неколку денови кога официјално се отвораат вратите за дечињата во новоизградената детска градинка „Кокиче“ во Трубарево. Во делот на предучилишното згрижување, најавени се и нови градинки во Инџиково, Сингелиќ, како и помеѓу населбите Маџари и Керамидница. Во рамки на патната и подземната инфраструктура, планирана е изградба на фекална канализација во Идризово, Јурумлери, Гоце Делчев и Чукур Маало,…

Повеќе

АД МЕПСО ги повикува земјоделците во периодот на наводнување и жетва, да бидат особено внимателни при користење на системите за наводнување, земјоделската механизација и другата опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа. Заради безбедност на луѓето и сигурност на електроенергетскиот систем , неопходно е да се почитуваат следните упатства:

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61% во однос на одлуката од 15.6.2026 година.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 ден/лит.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 7,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,932 ден/кг и сега ќе изнесува 42,291 ден/кг.Од 23.6.2026 година од…

Повеќе

Седум лица лишени од слобода во Скопје и струмичко затоа што кај нив била пронајдена дрога Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога. На 21/22.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Р.(34), А.Р.(19), М.Р.(21), М.К.(37), сите од Скопје, Т.Б.(28) од с.Волково, скопско и А.А.(37) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја, прашкаста материја и марихуана. На 20.06.2026, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.К.(33) од село Бориево, струмичко.…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека првичните разговори во рамки на коалицијата за реконструкција на Владата се конструктивни и најави дека неделава тие ќе продолжат, а очекува во текот на викендот и да завршат. Ваквата изјава претседателот на Владата ја даде во одговор на новинарско прашање по учеството на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board). Во првите разговори преовладува конструктивен амбиент. Во текот на оваа недела повторно ќе имаме средби, јас очекувам тоа да бидат завршни, а во текот на викендот да се формализира сето тоа…

Повеќе

Времето утре под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град.Во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. А од петок следува период на претежно сончево и потопло…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во Владата ќе се одржи состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети, на кои ќе им упати порака дека е време да ги намалат цените на производите, со посебен акцент на основните прехранбени производи. Шефот на извршната власт потенцираше дека граѓаните досега покажале доволно толеранција и дека бизнис секторот сега е на ред да им се одолжи, додавајќи дека нема да се прифаќаат никакви изговори. Ваквата изјава премиерот ја даде во одговор на новинарско прашање по учеството на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (CEF). Па, денеска имаме во…

Повеќе

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Данска, H.E. Перниле Дахлер Кардел, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија и можностите за продлабочување на соработката во области од заеднички интерес. Министерот Сали изрази благодарност за континуираната поддршка што Данска ѝ ја дава на државата во спроведувањето на реформите и во процесот на пристапување кон Европската Унија. Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални и европски случувања, како и за важноста од зајакнување на партнерската соработка во насока на…

Повеќе