Close Menu
Press24
    Најново

    Собранието в среда ќе расправа за интерпелацијата на Тошковски, утре пристигнува ребалансот на Буџетот

    22.06.2026 во 14:16

    Со тврди предмети и ножеви ги напаѓале сопругите, мајките и ќерките – уапсени седуммина насилници

    22.06.2026 во 14:08

    Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на исчезнатото 8-годишно дете во реката Драва

    22.06.2026 во 13:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Собранието в среда ќе расправа за интерпелацијата на Тошковски, утре пристигнува ребалансот на Буџетот
    • Со тврди предмети и ножеви ги напаѓале сопругите, мајките и ќерките – уапсени седуммина насилници
    • Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на исчезнатото 8-годишно дете во реката Драва
    • Деветнаесетгодишно момче се удави во базен во Угљевик
    • ВМРО-ДПМНЕ со реакција до СДММ: Разликата е јасна, додека СДС зборува, ние реализираме проекти за младите
    • СДСМ: Реконструкцијата на Владата е само „нова амбалажа за ист производ со поминат рок“
    • Да бидеме хумани: Повторно се врати болеста кај Тони Ташев, итно се собираат средства за операција
    • Стефковски најави силно работно лето во Гази Баба со повеќе од 60 нови проекти
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието в среда ќе расправа за интерпелацијата на Тошковски, утре пристигнува ребалансот на Буџетот

    Собранието в среда ќе расправа за интерпелацијата на Тошковски, утре пристигнува ребалансот на Буџетот

    22.06.2026 во 14:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е ставена на дневен ред на 106. пленарна седница закажана за в среда, 24 јуни, додека во четврток, на 25 јуни, ќе се одржат редовните пратенички прашања до премиерот и министрите.

    На денешниот брифинг со новинарите, претседателот на Собранието најави одржување на уште една седница до крајот на јуни, наменета за законите поврзани со реформската агенда, како и продолженија на другите започнати седници.

    Во однос на реконструкцијата на Владата, беше посочено дека седницата ќе биде закажана во моментот кога предлогот официјално ќе биде доставен до законодавниот дом.

    Без да имаме предлог за промена во владиниот Кабинет ние не можеме ништо да прејудицираме. Зависи од тоа дали ќе има нов предлог и кога ќе биде доставен – изјави претседателот на Собранието.

    Дополнително, најавено е дека во текот на утрешниот ден до Собранието треба да пристигне ребалансот на Буџетот за 2026 година, со што ќе почнат да течат собраниските рокови пред пратениците да заминат на планираниот одмор од 1 до 31 август.

    Дел од реформскиот пакет закони што се разгледуваат се предлог-законите за судска и за јавнообвинителска служба, законот за користење на енергија од обновливи извори, како и Предлог-законот за високи раководители и измените за електронски комуникации, угостителска дејност и договорен залог.

    Ако Владата достави нови закони поврзани со реформската агенда веднаш ќе свикаме седница, комисиска расправа и се што е потребно да се стигне до 30 јуни – порача првиот човек на Парламентот.

    Прашан за политичката стабилност и евентуални предвремени избори, тој истакна дека принципиелно секогаш поддржува редовни изборни циклуси, но додаде дека одлуката на крајот му припаѓа на мнозинството од 61 пратеник.

    Принципиелно мислам дека треба редовни избори да бидат, но тоа е тоа – додаде тој.

    Околу проблемот со пратениците како Мендух Тачи и Али Ахмети, кои воопшто не доаѓаат на седници и комисии, беше потенцирано дека граѓаните се оние кои го даваат легитимитетот, а Собранието нема механизам за принуда.

    Ние имаме механизми, Деловник за работа, но не можете со сила некого да натерате да дојде во Собрание. Ако граѓаните се одлучат да гласаат ние мора да го почитуваме тоа – заклучи тој, информирајќи и дека Европскиот парламент побарал од шесте земји од Западен Балкан да формираат граѓански форум.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ со реакција до СДММ: Разликата е јасна, додека СДС зборува, ние реализираме проекти за младите

    22.06.2026 во 13:47

    СДСМ: Реконструкцијата на Владата е само „нова амбалажа за ист производ со поминат рок“

    22.06.2026 во 13:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.