Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ со реакција до СДММ: Разликата е јасна, додека СДС зборува, ние реализираме проекти за младите

    ВМРО-ДПМНЕ со реакција до СДММ: Разликата е јасна, додека СДС зборува, ние реализираме проекти за младите

    22.06.2026 во 13:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    – СДС го имаше сведено образованието на нула. Во нивно време немаше учебници, студентските домови беа во катастрофална состојба, а стипендиите беа нејасни и со ист месечен износ, па не се знаеше кои се наменети за студенти со висок просек, а кои се мотивирачки за стратешките области. Наместо инвестиции во образованието и младите, сведоци бевме на години на негрижа, застој и погрешни политики,  наведува ВМРО-ДПМНЕ во сооштение во кое упатува реакција на прес-конференција на Петар Огњеновиќ од СДСМ. 

    „Младината на СДС, наместо да се занимава со идеи, реформи и решенија за подобра иднина на младите, e заложник на штетните политики на Филипче.

    Откако ВМРО-ДПМНЕ ја предводи Владата, учебник има за секое дете навремено на почетокот на учебната година. Минатата година, за студентите беа доделени 55.000 ваучери во вредност од 250 евра за набавка на електронски уред и секој студент можеше да го оствари ова право и се обезбеди директна поддршка за образовниот процес и подобрување на студентскиот стандард.

    Министерството за образование работи на ново законско решение со кое ќе ги преземе платите на вработените во студентските домови, со цел да се намали товарот врз партиципацијата што ја плаќаат студентите. Паралелно со тоа, се реализира сериозен инвестициски циклус за реконструкција и модернизација на студентските домови. Во текот на овој мандат ќе бидат целосно реновирани 9 студентски домови, кои по завршувањето ќе бидат енергетски ефикасни, комфорни и опремени според современи стандарди.

    Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа со Оперативниот план за 2025 година дека младите се вистински приоритет. Само преку мерката за самовработување се отворија над 2.200 нови правни субјекти, што е доказ дека мерката дава конкретни резултати. Со Оперативниот план за оваа година младите повторно се во фокусот, преку мерки кои овозможуваат нови работни места, поддршка за претприемништво и економска независност.

    Разликата меѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Додека СДС зборува за младите само кога е во опозиција, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира конкретни проекти и политики кои носат резултати. СДС треба да се посвети на сопствените млади и да ги ослободи од политичките стеги, бидејќи младите треба да бидат двигатели на промени, идеи и напредок, а не инструмент за дневнополитички пресметки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.