Author: Author 04

Денес во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, соопштија од УХМР.Утре ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе засилен повремено силен северен ветер. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец.Од УХМР најавуваат дека во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

Повеќе

Вчера во 17:32 часот на магистралниот пат Струга-Ќафасан, полициски службеници д ОВР Струга го лишија од слобода Е.Д.(31) од струшкото село Радолишта. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа констатирале дека имал активна забрана на управување со моторно возило од Б категорија. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против Е.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Утрово во 06:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље- Струга, товарно возило „ман“,управуван од А.А.(52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д.(75) од струшкото село Ливада кој, од здобиените повреди починал на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на ОВР Струга. Претходно, во 06:05 часот е пријавено дека У.Д. се оддалечил од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево и дека имал здравствени проблеми.  Се преземаат мерки за расветлување на настанот.  

Повеќе

Комуналните инспектори и комуналните редари на Општина Центар претходната недела изрекоа вкупно 86 казни за непрописно паркирање на јавни и зелени површини, од кои досега 24 се платени. Контролите се фокусирани на подрачјата на Дебар Маало и Градски ѕид, каде најчесто се евидентираат вакви прекршоци. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период. На секое непрописно паркирано возило се остава известување за сторен прекршок, а казната изнесува 50 евра, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар. Доколку прекршочниот платен налог се подигне и се плати во рок од осум дена, сторителот има можност да…

Повеќе

Од денеска поскапеа цигарите кои се користат за IQOS уредите. Љубителите на овој тип тутунски производи веќе ги забележаа промените во малопродажните објекти низ државата. Промената на цената е веќе евидентирана во ценовниците: „Од денеска Тереа се продава за 170 денари, додека до вчера цената на едно пакување изнесуваше 160 денари.“ Засега нема официјални информации дали ова поскапување ќе повлече корекција на цените и кај останатите брендови на бездимни производи или класичните цигари.

Повеќе

Поради последните обилни врнежи од снег, засилен ветер и пораст на дневните температури, на територијата на Националниот парк Шар Планина е забележано значително зголемување на лавинската опасност, особено на стрмни падини со источна, југоисточна и јужна експозиција; предупредуваат од Националниот парк Шар Планина.Од Националниот парк Шар Планина апелираат до сите посетители, планинари и љубители на зимските спортови:-движете се внимателно во планински услови-избегнувајте ризични и стрмни терени-користете соодветна безбедносна опрема„Планината е прекрасна, но бара одговорност. Информираноста и добрата подготовка се клучни за безбедно уживање во природата. Безбедноста секогаш нека биде на прво место“, известуваат од Националниот парк Шар Планина.

Повеќе

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 09.02 до 15.02.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 117 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. „За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштија од ЈП Паркинзи.

Повеќе

Овен Внимавајте на нетрпеливоста. Денес е клучно прво да ја замислите промената, а потоа да ја градите чекор по чекор. Тригонот Меркур–Јупитер ви помага да размислувате големо без да ја изгубите емоционалната стабилност. Бик Притисокот во кариерата е голем, но не пружајте отпор. Направете план што ќе ве ослободи од застојот. Големите идеи што ги имате денес не се фантазија, туку реален потенцијал со вистинска структура. Близнаци Мислите ви се насочени кон нови животни правци. Сонцето и Уран бараат промена, но не „скокајте“ без основа. Изберете една идеја и почнете систематски да ја развивате. Вербата во себе е вашиот најсилен…

Повеќе

Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), заедно со населението, дејствуваа сношти, а ќе дејствуваат и денеска, согласно потребите и можностите во координација со другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК) ангажирани за помош при поплавите и излевања на водотеци во општините Сарај, Куманово, Липково, Тетово, Маврово и Ростуше, Кичево, Охрид, а и други општини што преку 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат за пријави за поплавите и барања помош, а секако и од директни пријави од општините.„Во скопскиот регион, покрај тимовите (седум на тој терен) на ДЗС , во Општина Сарај, во поплавените…

Повеќе

Популарниот српски јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, остана без својот луксузен автомобил откако возилото му се запалило во Белград. Инцидентот се случил денеска, а самиот јутјубер веднаш ги сподели снимките од пожарот со своите следбеници на социјалните мрежи. Илиќ го снимал својот автомобил како гори директно од неговата тераса, а подоцна објави и проштална порака на Инстаграм. „Почивај во мир Брабус, 2023-2026“, напиша тој во описот на видеото. Вредноста на уништениот автомобил марка „Брабус“ се проценува на околу 500.000 евра. Засега не се откриваат детали за тоа како дошло до пожарот, ниту дали станува збор за дефект или…

Повеќе