Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Започнува „Везилка“: Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција

    Започнува „Везилка“: Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција

    24.06.2026 во 14:023 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ денес официјално го означија почетокот на проектот „Везилка“ – првиот Национален центар за вештачка интелигенција во Македонија, кој ќе претставува клучна национална инфраструктура за развој на знаење, иновации и примена на вештачката интелигенција.

    Проектот се реализира како стратешко партнерство меѓу Владата, Министерството за дигитална трансформација, академската заедница и Европската Унија. Негов носител е Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а истиот е избран за финансирање преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC, како дел од европската мрежа на AI Factory Antennas.

    Во своето обраќање, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека „Везилка“ е системска инвестиција во иднината на државата.

    „Денес поставуваме темел на една нова национална инфраструктура за знаење, иновации и технолошки развој. Ова е проект што ги поврзува науката, технологијата, институциите, бизнисот и младите таленти во заедничка визија за иднината. Визија во која Македонија не е само корисник на новите технологии, туку нивен активен создавач“, истакна Андоновски.

    Министерот нагласи дека преку „Везилка“, Македонија станува дел од најамбициозната европска иницијатива во областа на вештачката интелигенција и добива директен пристап до европски суперкомпјутери, напредни податочни простори и современи алатки за развој и тестирање на ВИ модели.

    Посебен акцент беше ставен на развојот на македонски јазични модели и дигиталното присуство на македонскиот јазик во идните генерации на системи за вештачка интелигенција.

    „Во ерата на вештачката интелигенција, дигиталното присуство на македонскиот јазик станува прашање на зачувување на културниот идентитет. Нашата цел е македонскиот јазик да биде рамноправно присутен во идните генерации на ВИ системи“, истакна министерот.

    Покрај научната и технолошката компонента, проектот ќе овозможи развој на решенија во здравството, енергетиката, земјоделството и јавната администрација, како и воспоставување центар за обуки, трансфер на знаење и развој на човечки капитал.

    Во своето обраќање, претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, истакна дека „Везилка“ претставува инвестиција во знаење, во луѓе и во капацитетот на Македонија да биде дел од европските и глобалните технолошки текови, потенцирајќи дека идната конкурентност на државите ќе зависи од нивната способност да инвестираат во иновации, истражување и таленти.

    Проектот „Везилка“ ќе биде поврзан со европската AI фабрика „Фарос“ во Грција и ќе стане дел од поширокиот регионален и европски екосистем за вештачка интелигенција, отворајќи нови можности за македонските истражувачи, компании, стартапи и институции.

    Министерството за дигитална трансформација останува посветено на создавање на современа дигитална држава, заснована на знаење, иновации и добро управување, во која новите технологии ќе бидат ставени во служба на граѓаните, економијата и долгорочниот развој на Македонија.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.