Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Серија апсења за семејно насилство низ Македонија: Претепани сестра и поранешна сопруга, заклучена и следена девојка

    Серија апсења за семејно насилство низ Македонија: Претепани сестра и поранешна сопруга, заклучена и следена девојка

    24.06.2026 во 15:132 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 24.06.2026 во 08:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода П.П.(48) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава од неговата 43-годишна поранешна партнерка дека на 23.06.2026 околу 23:00 часот во двор од нејзината семејна куќа, по кратка расправија, физички ја нападнал. Според пријавеното, тој подолг период психички и физички ја малтретирал и ѝ упатувал закани.

    На 23.06.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас од слобода го лишија Ф.Р.(45) од кичевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со дрвен предмет ја нападнал неговата сестра.

    На 24.06.2026 во 03:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода К.Ш.(18) од Велес, постапувајќи по пријава дека ја држел во неговиот дом неговата 18-годишна партнерка од село во виничко, ѝ се заканувал и не ѝ дозволувал да го напушти домот. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.

    На 23.06.2026 во 18:30 часот на ул.„108“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода П.А.(36) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 60 – годишен татко дека во дворот од семејната куќа агресивно се однесувал, искршил дел од покуќнината и упатил закани кон него и неговата сопруга.

    На 23.06.2026 во 19:40 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода М.С.(19) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека во текот на изминатиот период во повеќе наврати ја следел, вознемирувал и упатувал закани кон неговата 18-годишна поранешна девојка. Тој бил приведен во полициска станица.

    Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.