Author: Author 04

На 89-годишна возраст денеска во Скопје почина Јован Павловски, истакнат македонски енциклопедист, поет, раскажувач, романописец, писател за најмладите и публицист. Павловски во три мандати ја извршуваше функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија, а беше и член на Македонскиот ПЕН центар. Во својата богата кариера работеше како долгогодишен уредник на повеќе рубрики во весникот „Нова Македонија“, а беше и нејзин дописник од Париз и Москва. Од 1980 до 1986 година пренесуваше знаења како професор по теорија и практика на новинарството на Интердисциплинарните студии по новинарство на УКИМ. Тој е автор на педесетина книги, меѓу кои култните поетски збирки и…

Повеќе

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска на прес-конференција во Владата презентираше отчет за двегодишната работа на Министерството за образование и наука (МОН). „Пред две години затекнавме катаклизма. Запревме понатамошен пад и со одговорно и посветено работење сега веќе го подигнуваме квалитетот на образованието и ја раздвижуваме науката“, истакна министерката Јаневска. Таа нагласи дека во изминатите две години се реализирани бројни реформи насочени кон подобрување на условите за учениците, студентите, наставниците и научната заедница. Меѓу значајните достигнувања ги посочи поддршката за талентираните ученици, покривањето на трошоците за меѓународни олимпијади, зголемениот број стипендии и унапредувањето на дуалното образование…

Повеќе

Вчера во 17:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.У.(43) од Скопје, лице со здравствени проблеми, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Горно Оризари, скопско, предизвикал пожар во плевна со сено. Нема повредени лица, а Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, официјално го потпиша договорот за реализација на повеќегодишниот проект G10231 – „Интероперабилен систем за командување со инциденти управуван од вештачка интелигенција за прекуграничен одговор при кризни и итни состојби (NICS-2)“, кој се спроведува во рамки на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“ (Science for Peace and Security – SPS). По многу години, за првпат сериозно, со јасна визија и силна меѓународна поддршка, започнува процесот на изградба на современ и интегриран систем за управување со кризи во Република Северна Македонија. Овој проект претставува значајно признание за капацитетите и посветеноста на…

Повеќе

Општина Центар ги обнови детските игралишта кај „Зебра“ во Капиштец и кај КАМ маркет во Дебар Маало, при што дотраените и оштетени реквизити се заменети со нови за да се обезбедат побезбедни и поквалитетни услови за игра и рекреација на децата. Градоначалникот Горан Герасимовски упати апел за зачувување на урбаната опрема , нагласувајќи дека јавниот простор е заедничка одговорност. „На барање на жителите побаравме засилено присуство на МВР на терен, особено во вечерните часови, кога има појава на вандализам и оштетување на детските игралишта. Во општината има околу 50 детски, спортски, маалски и училишни игралишта. Даваме сѐ од себе да…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција по повод две години од мандатот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на која ги презентираше клучните резултати и активности реализирани во изминатиот период. „Во изминатите две години работевме со јасна визија, јасни приоритети и една цел – посилна меѓународна позиција на државата, посилни партнерства и конкретни придобивки за граѓаните. Денес можеме да кажеме дека изградивме поактивна, поотворена и поефикасна дипломатија“, истакна Муцунски. Во своето обраќање, министерот нагласи дека надворешната политика останала доследна на трите стратешки столба: силното партнерство со Соединетите Американски Држави, целосната усогласеност со…

Повеќе

Оставањето на навидум безопасни ситници во возилото во текот на летото може да предизвика сериозни експлозии и пожари. Сите предмети кои содржат ознака „лесно запаливо“ или имаат батерии претставуваат огромен ризик доколку се изложени на директно сонце. Во топлите денови, внатрешноста на паркиран автомобил на надворешна температура од 35 степени може да надмине 60 степени за помалку од еден час, додека на контролната табла температурата достигнува и до 80 степени. Поради ваквите екстремни услови, неодамна во Нов Зеланд се запали автомобил од прегреан таблет, додека во Алабама експлодираше електронска цигара, а во регионот е забележан и случај на изгорено возило…

Повеќе

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес оствари средба со фудбалерите и претставниците на Фудбалскиот клуб ”КУЛ”, по повод нивните одлични спортски резултати остварени во изминатата натпреварувачка сезона. Повод за средбата беше двојниот успех на клубот – шампионската титула во младинската категорија и пласманот на сениорската екипа во Третата фудбалска лига. Фудбалскиот клуб КУЛ ја одбележа сезоната со исклучителен успех на својата генерација 2010. Тимот на помладите пионери го освои првото место во Втората младинска лига. На средбата беше истакнато дека овој резултат претставува директна потврда за квалитетот, дисциплината и континуираната работа со младите категории кои се негуваат…

Повеќе

Силен топлотен бран ја погоди Европа, а неговиот врв во регионот, поточно во Хрватска, допрва се очекува во наредните денови. Метеоролошките прилики се под влијание на специфична антициклонска омега ситуација, карактеризирана со длабок циклон над Атлантикот и друг источно од Балтикот, која донесе продор на топол и сув африкански воздух. Ветровите на голема надморска височина од север и североисток повремено носат помали количини на влажен воздух од север, што предизвикува локални нестабилности во форма на грмотевици и силен развој на конвективна облачност во попладневните часови, според метеорологот на N1, Бојан Липовшчак. Липовшчак објаснува дека топлотниот бран функционира како голем „топлотен…

Повеќе

Тешка несреќа ја потресе белградската општина Грочка, откако едно и полгодишно машко дете се здоби со повреди опасни по живот откако било прегазено со трактор во дворот од семејната куќа. Несреќата се случила вчера во попладневните часови во населбата Бегаљица. Според првичните информации, членовите на семејството го палеле возилото со намера да закачат приклучна шина, кога детето се нашло до тешките тркала. Таткото и дедото биле присутни во дворот за време на инцидентот, но никој не успеал навреме да го забележи движењето на малото момче. „Сè се случи за секунда. Дедото само сакаше да ја поврзе машината, никој не виде…

Повеќе