Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ги пречека шампионите од ФК “КУЛ”

    ФОТО: Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ги пречека шампионите од ФК “КУЛ”

    24.06.2026 во 11:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес оствари средба со фудбалерите и претставниците на Фудбалскиот клуб ”КУЛ”, по повод нивните одлични спортски резултати остварени во изминатата натпреварувачка сезона. Повод за средбата беше двојниот успех на клубот – шампионската титула во младинската категорија и пласманот на сениорската екипа во Третата фудбалска лига.

    Фудбалскиот клуб КУЛ ја одбележа сезоната со исклучителен успех на својата генерација 2010. Тимот на помладите пионери го освои првото место во Втората младинска лига. На средбата беше истакнато дека овој резултат претставува директна потврда за квалитетот, дисциплината и континуираната работа со младите категории кои се негуваат во клубот.

    Покрај успехот на младинците, ФК КУЛ ја заокружи сезоната со уште еден значаен шампионски трофеј. Сениорскиот тим на клубот го освои првото место во својата лига, со што и официјално обезбеди пласман за натпреварување во третата лига од следната сезона.

    Упатувајќи искрени честитки до сите играчи и тренери за остварените успеси, градоначалничката Стаменкоска Трајкоска потенцираше дека Општина Кисела Вода секогаш ќе биде искрен поддржувач на спортските таленти.

    -Овој клуб е вистински пример за успешен развој на млади таленти кои со своите игри го потврдуваат квалитетот на македонскиот младински фудбал. Постигнатите резултати верувам дека се само почеток на нови спортски предизвици и уште поголеми достигнувања во иднина. Општина Кисела Вода секогаш стои зад вистинските спортски вредности и тука сме за да ги мотивираме младите да се насочат кон спортот и континуирано да напредуваат- порача градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.