Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ангелова до Тренчевска: Присуството на полицијата на терен и акциите против дивите трки значат спасени човечки животи

    Ангелова до Тренчевска: Присуството на полицијата на терен и акциите против дивите трки значат спасени човечки животи

    24.06.2026 во 13:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Емилија  Ангелова пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница се осврна на резултатите и мерките кои се превземени од страна на МВР за засилените сообраќајни контроли, за акциите против возење под дејство на алкохол и дроги, за санкционирање за безообѕирно возење, за борбата против организираниот криминал и поголема безбедност на граѓаните.

    „Јас сум за владеење на правото колешке, но не по селективна правда, тоа што не ги гледате резултатите туку гледате некои проблеми и ги премолчувате резултатите не е наша вина. Ако веќе зборуваме за МВР ајде да зборуваме за целата слика, да зборуваме за тоа дека денес полицијата е поприсутна на терен, да зборуваме за засилени сообраќајни контроли, за акции против возење под дејство на алкохол и дроги, за санкционирање за безобѕирно возење и дивите трки. Тоа не е политика тоа се спасени човечки животи“ кажа Ангелова и додаде:

    „Да зборуваме колешке Тренчевска за борбата против семејното насилство, за побрза реакција на полицијата за заштита на жените и жртвите на насилството. За институционалната координација и јасната порака дека насилството нема повеќе да се толерира. Тоа е вистинско владеење на правото кога државата застанува зад жртвата, а не зад насилникот“ кажа Ангелова.

    Ангелова се обрати до Тренчевска и истакна дека СДС не сака да зборува за резултати и проекти затоа што фактите не се на нивна страна туку постојано се занимаваат и зборуваат за политички конструкции и манипулации.

    „Да зборуваме за борбата против организираниот криминал, но за тоа молчите, затоа што фактите не ви одговараат. Вие денес не расправате за резултатите. Вие расправате за политички конструкции, сакате да создадете впечаток дека ништо не се работи иако јавноста гледа дека се работи секојдневно. Владеењето на право е принцип што важи за сите и за власта и за опозицијата, “ нагласи Ангелова.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.