Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кичево: Брат си го пријавил братот во полиција
    • Измерени 9 степени во 17 часот во Македонија – еве каде беше најтопло
    • Тошковски на конференцијата „Безбедност 2030“ во Охрид: Безбедносните предизвици не се решаваат со стари методи
    •  Во недела е тежок празник и строг пост
    • Страшна несреќа во соседството: Автобус се судри со автомобил на автошкола, меѓу повредените и деца
    • Земјотрес ја погоди Црна Гора
    • Лоши вести за возачите: Нафтата драстично скокна
    • Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Продолжува судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани

    Продолжува судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани

    25.06.2026 во 09:533 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството, денеска во импровизираната судница во затворот „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

    Досега, во текот на судскиот процес, обвинителството презентираше серија докази за инспекциските надзори за угостителска дејност кои биле спроведувани од страна на Општина Кочани.

    Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни инспектори, како и документација за вршење заеднички инспекциски и теренски надзори. Обвинителството приложи и решенија за вработување овластени градежни инспектори, кои според нив се релевантни за утврдување на надлежностите и одговорностите во периодот пред трагедијата.

    Воедно, пред судскиот совет беа презентирани планови за квартални инспекциски контроли, годишни програми и службени документи на Дирекцијата за заштита и спасување, потпишани со името на Шабан Салиу, кој од 2012 до 2017 година беше директор на оваа институција.

    На едно од претходните рочишта беа изведени и докази за Агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушнс“, кои се однесуваа на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс”, планот за надзор и обезбедување, дозволата за работа, листата на вработени, како и доказен материјал обезбеден од извршени претреси во канцеларии и возила.

    Претходно, Обвинителството презентираше докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката. Во судницата беа изведени и документи за правниот статус на објектот согласно урбанистички планови, геодетски елаборати, барање за легализација од 2011 година за делот од објектот кој се третирал како бесправен, записници од извршени надзори, договор за закуп, како и записник од одземени предмети и документи во дискотеката по пожарот.

    Презентирани беа и фотографии од внатрешноста на дискотеката „Пулс“ по нејзиното реновирање, а кои биле обезбедени од вештачењето на мобилниот телефон на првообвинетиот Дејан Јованов, за кои Обвинителството нагласи дека во институциите нема никаква официјална документација.

    Од материјалните докази поврзани со Општина Кочани и дискотеката, во судницата се прочита записник од извршен вонреден надзор каде се утврдени неправилности — дека објект со одобрение за лесна индустрија со години се користел како дискотека без одобрение за пренамена. Изведен беше и документ од 2012 година со кој Општина Кочани барала од Министерството за економија да не се издава лиценца за работа бидејќи паркинг просторот е наменет за лесна индустрија, а не за ноќен клуб.

    Одбраната на обвинетите во досегашниот тек на постапката реагираше дека дел од доказите се прибавени на незаконит начин и побара тие да не бидат изведени, оспорувајќи ја самата законитост на нивното прибирање.

    Покрај ова, Обвинителството презентираше и Записник за пронајдени и одземени предмети на лице место — од лични документи, лаптопи, каса со пари, па сè до 140 влезни билети во кочан на дискотеката, Договор за патролно осигурување меѓу „Рубикон секјурити солушнс“ и „ММММ Кафе ДООЕЛ“, како и записник од инспекциски надзор за безбедност и здравје при работа.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на музичката група ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Прочитај повеќе

    Кичево: Брат си го пријавил братот во полиција

    24.09.2026 во 20:20

    Измерени 9 степени во 17 часот во Македонија – еве каде беше најтопло

    24.09.2026 во 20:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.