Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Драстично ќе поскапат цигарите – една кутија ќе надмине 11 евра

    Драстично ќе поскапат цигарите – една кутија ќе надмине 11 евра

    24.06.2026 во 09:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цигарите во Германија би можеле драстично да поскапат во следните неколку години. Германското Министерство за финансии планира постепено зголемување на даноците на тутунот, пренесува германската новинска агенција ДПА.

    Според нацрт-законот во кој увид имала агенцијата, просечната цена на пакување од 20 цигари би можела да се зголеми од околу 8,80 евра во 2027 година на околу 11,40 евра до 2030 година.

    Како дел од овие измени, даночната компонента во малопродажната цена би се зголемила од околу 4,40 евра на 5,75 евра по пакување. Планираните зголемувања ќе ги опфатат и сите останати тутунски производи на пазарот.

    Од германското Министерство за финансии посочуваат дека примарната цел на оваа мерка е здравствената заштита на населението.

    „Предлогот ќе послужи за заштита на јавното здравје, што е во согласност со целта за намалување на стапките на пушење кај младите и возрасните“, изјави портпаролот на Министерството, додавајќи дека зајакнувањето на државните приходи е клучен дел од напорите за консолидирање на јавните финансии, пренесува Феникс.

    Со овој чекор, Берлин очекува сериозен прилив во државната каса. Дополнителните даночни приходи по години би изнесувале:

    • 2027 година: околу 756 милиони евра
    • 2028 година: околу 1,6 милијарди евра
    • 2029 година: околу 2,5 милијарди евра
    • 2030 година: околу 3,6 милијарди евра

    Инаку, тутунските производи во Германија сè уште се сметаат за релативно евтини во споредба со дел од западноевропските соседи. Податоците од Германското здружение на цигари покажуваат дека кутија од 20 цигари во Германија чинела во просек 7,33 евра во 2024 година, додека во соседна Франција нејзината цена изнесувала дури 12,07 евра.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.