Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Перински во посета на Ранковце: Се инвестира во инфраструктура, туризам и заштита од поплави

    Перински во посета на Ранковце: Се инвестира во инфраструктура, туризам и заштита од поплави

    24.06.2026 во 10:324 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари работна посета на Општина Ранковце, каде што се сретна со градоначалникот Даниел Павловски, членовите на Советот и општинската администрација.

    На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочува Општина Ранковце и можностите за нивно надминување преку поддршката што ја обезбедува Министерството за локална самоуправа.

    Посебно внимание беше посветено на можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините, преку кој Министерството обезбедува стручна, техничка и советодавна помош за јакнење на административните капацитети, подготовка на плански документи, подобрување на финансиското управување и унапредување на локалните услуги. На состанокот беше истакнато дека Ресурсниот центар претставува важен механизам за поддршка на општините во процесот на поефикасно извршување на нивните надлежности и реализација на развојните проекти.

    Во рамки на посетата, се изврши увид и во реализацијата на проектот „Одржлив туризам во искуствена економија“, кој се спроведува во рамки на Интеррег VI-А ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија.

    Проектот има за цел да придонесе кон економскиот развој на прекуграничниот регион преку создавање услови за развој на четирисезонски туризам и одржливо користење на културните и природните ресурси. Вкупната вредност на проектот изнесува 809.303 евра, додека вредноста на активностите што ги реализираат македонските партнери е 522.806 евра. Министерството за локална самоуправа обезбедува национално кофинансирање во висина од 78.420 евра за македонските партнери.

    „Посетата на Општина Ранковце, покрај тоа што ја искористив за средба со градоначалникот, советниците и администрацијата, е и можност непосредно да го видиме напредокот на проектите кои се имплементираат во рамки на општината. Проектот „Одржлив туризам во искуствена економија“ претставува пример како европските средства можат да се искористат за валоризација на локалните потенцијали. Со адаптацијата на објектите во селата Петралица и Отошница се создаваат нови содржини кои ќе придонесат за зачувување на традицијата, развој на туризмот и отворање можности за локален економски развој“, изјави Перински.

    Тој истакна дека Министерството останува партнер на општините во процесот на користење на европските фондови и потсети дека за овој проект е обезбедено национално кофинансирање од 15 проценти за македонските партнери – Општина Кратово и Општина Ранковце.

    Министерот информираше и дека Општина Ранковце започнува со имплементација на нов проект во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка со Република Косово, насловен „Активни граѓани за прекуграничен регион без поплави“, чија цел е подобрување на протокот на водите во реките и намалување на ризикот од поплави преку реконструкција на речни корита и инсталирање системи за рано предупредување.

    Во рамки на посетата беше истакнато и дека преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година се реализира проектот за изградба на локален пат во село Опила, во вредност од над 6 милиони денари, со што дополнително се подобрува патната инфраструктура во општината.

    Дополнително, преку двата јавни повика на Владата, во Општина Ранковце се имплементираат вкупно пет инфраструктурни проекти од областа на транспортот во вредност од над 38 милиони денари.

    Градоначалникот на Општина Ранковце, Даниел Павловски, истакна дека посетата на министерот претставува значајна поддршка за општината и нејзините развојни заложби.

    „За Општина Ранковце претставува особена чест што денес сме домаќини на министерот за локална самоуправа. Неговата посета е потврда дека државата ги препознава потребите на помалите општини и ја поддржува нивната развојна визија. Во моментов успешно го реализираме проектот „Одржлив туризам во искуствена економија“, преку кој инвестираме во развојот на туризмот, зачувувањето на традицијата и создавањето нови можности за локален економски развој“, рече Павловски.

    Тој посочи дека особено значење за локалната заедница има реконструкцијата на поранешното училиште во село Петралица.

    „Овој објект не е само градба, туку дел од колективната меморија на многу генерации жители на селото. Тука се создавале спомени, се стекнувале знаења и се граделе животни приказни. Токму затоа, една од просториите ќе биде уредена како спомен-соба, со цел да ги зачуваме сеќавањата и да им оддадеме почит на генерациите што поминале низ ова училиште“, истакна градоначалникот Павловски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.