- Камион удри во пешак во Чаир: Повредениот е хоспитализиран со тешки повреди
- Хасан: Герасимовски ја злоупотребува наградата „Феникс“ за личен ПР и промоција
- Петрушевски: СДС шират лажни вести и паника за партиски поени, ЈО веднаш да отвори случај
- Кривична пријава за двајца тетовци: Лажирале договор за купопродажба за да препишат стан
- Разбиена криминална група во Куманово: Позајмиле 4.000 евра со камата од 2.500, па барале и автомобил како залог
- Мајка уапсена во Скопје: Пријавено дека физички ја нападнала малолетната ќерка
- Ја уценувал со експлицитни фотографии: Барал пари за да не ги испрати на нејзиното семејство
- Ѓорѓиевски: Отворен нов фризерско-козметички кабинет во СУГС „Димитар Влахов“
Author: Author 04
Град Скопје објави нови износи за фирмарина за правните субјекти, со значително зголемување на оваа давачка што ја плаќаат компаниите за истакнување деловно име. Според објавените податоци на официјалната интернет-страница на Градот, во делот за даноци, фирмарината е зголемена за 100 проценти, односно од досегашните 4.000 на 8.000 денари. Оваа измена се однесува на таканаречената ТФ1-фирмарина, односно надоместокот за истакнат назив на деловна просторија. Новите задолжувања се објавени на 15 јуни 2026 година и веќе предизвикуваат реакции во деловната заедница, бидејќи за многу компании ова значи двојно повисок годишен трошок. Иако мерката директно се однесува на локалната такса, нејзиното зголемување…
Лица биле ангажирани на Детската клиника во Скопје без претходно да биде обезбедена соодветна законска согласност за нивното работно ангажирање, изјави денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. На прес-конференцијата во Владата, таа откри дека официјалното барање од менаџментот на Детската клиника пристигнало дури на 22 јануари, со што се отвора прашањето како тие лица работеле во претходниот период. Министерката јавно праша врз кој основ вработените биле повикувани на работа во првите 22 дена од почетокот на годината во оваа јавна здравствена установа во Скопје. – Требало да има обезбедено согласност пред Нова година за да може да ги задржи вработените.…
Грчката полиција уапси три лица, а уште 105 се осомничени како дел од криминална организација која преку манипулации на броила вршела масовна кражба на електрична енергија во повеќе региони низ Грција. Според првичните проценки на истражните органи, со овие нелегални активности е предизвикана материјална штета која надминува девет милиони евра. Полициската акција започнала во текот на денешниот ден во реонот на Солун, а се спроведува во координација со надлежните енергетски служби во земјата. Од грчката полиција информираа дека од рано утрово во тек е акција во Солун во соработка со Операторот на дистрибутивната мрежа за електрична енергија (ДЕДДИЕ) за разбивање…
Вишиот управен суд донел пресуда со која се поништува одлуката за престанок на важење на одлуката за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица во Општина Босилово, со онаа во Општина Босилово и Општина Ново Село. За одлуката на судот денеска на владина седница информирало Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. -Станува збор за конечна судска одлука која Владата, како институција што го почитува владеењето на правото, е должна да ја почитува, соопшти прес-службата на Владата. Владата во соопштението посочува дека „ова прашање не е резултат на одлуки донесени од актуелната Влада, туку претставува наследена…
Владата го усвои Ребалансот на Буџетот за 2026 година, приходите зголемени на 379,2 милијарди денари
Владата денеска го усвои Ребалансот на Буџетот за 2026 година, кој според министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ќе овозможи продолжување на економскиот раст и забрзување на инфраструктурниот развој во државата. Ребалансот претставува баланс помеѓу фискалната одговорност, потребата од забрзан развој и сериозен фокус на капиталните инвестиции. Со овој Ребаланс на Буџетот, вкупните приходи се ревидираат на ниво од 379,2 милијарди денари, што претставува зголемување за околу 4,2 милијарди денари или за 1,1 проценти во однос на иницијалниот Буџет за 2026 година, истакна министерката. На приходната страна, даночните приходи се проектирани на 213,2 милијарди денари, што е минимално намалување од…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“ денеска постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември“, за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка, професорка и авторка. Во своето обраќање на свеченоста, Сиљановска-Давкова рече дека со доделување на орденот „8 Септември“, денот на којшто Проева толку многу му се радуваше, ѝ оддаваме признание на една од најзначајните личности на македонската историографија, научничка од европски и светски ранг. Таа истакна дека книгите и студиите на Наде Проева не се значајни само поради оригиналните и нови сознанија, туку зашто потсетуваат на она што денес сѐ почесто…
Минчев: Реформата на јавната администрација е суштинска инвестиција во луѓето и иднината на државата
На свеченото одбележување на Денот на јавната администрација, кое годинава се одржа под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“, министерот за јавна администрација Горан Минчев порача дека реформата на јавната администрација не е само европска обврска, туку суштинска инвестиција во институциите, луѓето и иднината на државата. На настанот се обратија и Претседателот на Владата, проф. Д-р Христијан Мицкоски, како и шефот за соработка на Делегацијата на Европската Унија, Штефен Худолин. „Нема модерна Македонија без модерна јавна администрација. Нема силни институции без стручни и посветени јавни службеници. Нема доверба на граѓаните без ефикасна и отчетна…
Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 13 возеле без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 13 управувале возило без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица возеле под дејство на алкохол. Шест лица во Скопје (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола (еден малолетник) и по едно лице во Делчево, Штип, Куманово, Неготино и Македонски Брод возеле без возачка дозвола. Додека, по едно лице во…
Поранешниот функционер и дипломат Андреј Жерновски преку видео обраќање на социјалните мрежи упати јавна прозивка со политички контекст во врска со составот на актуелната извршна власт во земјава. Жерновски се одлучи за несекојдневен начин на коментирање, поставувајќи прашање до јавноста во форма на квиз. „Наградно прашање во кое што може да учествува секој без разлика на својата, полова, етничка, верска, политичка или „владина“ припадност. Наградното прашање гласи: Денеска во која земја во Европа, односно во светот, после Бугарија, има најмногу бугарски државјани во својата влада?“, вели Жерновски во објавата.
Вкупно пет пожари на отворен простор се регистрирани денеска на територијата на државата, покажуваат најновите официјални податоци за состојбата со пожарите до 15:00 часот на 23.06.2026 година. Според извештајот на надлежните служби, три пожари се сè уште активни, додека два се целосно изгаснати. Противпожарните екипи во моментов интервенираат на три критични локации каде огнената стихија сè уште не е ставена под контрола. Активни се пожарите во Општина Пробиштип, кај село Петршино, каде гори ниска вегетација. Оган има и во Општина Свети Николе, на потегот меѓу селата Делисинци и Сарамзалино, каде исто така е зафатена ниска вегетација. Третиот активен оган е…
