Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев: Реформата на јавната администрација е суштинска инвестиција во луѓето и иднината на државата

    Минчев: Реформата на јавната администрација е суштинска инвестиција во луѓето и иднината на државата

    23.06.2026 во 15:263 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На свеченото одбележување на Денот на јавната администрација, кое годинава се одржа под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“, министерот за јавна администрација Горан Минчев порача дека реформата на јавната администрација не е само европска обврска, туку суштинска инвестиција во институциите, луѓето и иднината на државата. На настанот се обратија и Претседателот на Владата, проф. Д-р Христијан Мицкоски, како и шефот за соработка на Делегацијата на Европската Унија, Штефен Худолин.

    „Нема модерна Македонија без модерна јавна администрација. Нема силни институции без стручни и посветени јавни службеници. Нема доверба на граѓаните без ефикасна и отчетна администрација“ нагласи Минчев во своето обраќање, посочувајќи дека во изминатата година реформите добиле конкретна форма преку новата законска рамка за административните службеници, воспоставувањето на Советот за реформа на јавната администрација и започнатите процеси за создавање Академија за јавна администрација.

    Осврнувајќи се на вложувањата во човечкиот капитал, министерот истакна дека администрацијата се гради пред се преку луѓето кои секојдневно го носат товарот на институционалното функционирање. Тој потсети дека преку потпишаните колективни договори за повеќе од 11.000 вработени во јавниот сектор е обезбедено историско зголемување на платите од 40 проценти во наредните три години, како и подобри услови за работа и поголема сигурност за вработените. „Не можеме да бараме професионализам ако не покажеме почит кон професионалците. Не можеме да бараме одговорност ако не создадеме услови за достоинствена работа. Не можеме да бараме резултати ако не инвестираме во луѓето кои ги создаваат тие резултати“ порача Минчев.

    Министерот нагласи дека следниот период ќе биде обележан со реформи насочени кон дополнително јакнење на професионализмот, интегритетот и ефикасноста на институциите, преку Законот за високи раководители и новиот Закон за организација и работа на органите на државната управа. Според него, европската интеграција започнува токму во институциите, во нивната способност да испорачуваат квалитетни услуги и да ја оправдаат довербата на граѓаните.

    „Довербата во институциите не се добива по автоматизам, таа се заслужува. Се гради секој ден, преку професионалност, интегритет и резултати што граѓаните можат да ги препознаат и почувствуваат“ истакна министерот Минчев, упатувајќи благодарност до сите јавни службеници за нивната посветеност, стручност и придонес во градењето администрација која работи во служба на граѓаните и развојот на државата.

    Во рамки на настанот беа доделени и признанија за управување со квалитет во јавниот сектор, кои ги врачи министерот Минчев. Првото место го освои Министерството за дигитална трансформација, второто место Агенцијата за храна и ветеринарство, а третото место Институтот за акредитација.

    По повод Денот на јавната администрација, Министерството за јавна администрација упатува честитки до сите административни службеници и вработени во јавниот сектор, со благодарност за нивната посветеност, професионалност и секојдневен придонес во функционирањето на институциите и обезбедувањето услуги за граѓаните. Нека овој ден биде потсетник за значењето на јавната служба и мотив за заедничко градење на администрација која заслужува доверба.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.