Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември“

    Сиљановска-Давкова постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември“

    23.06.2026 во 15:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“ денеска постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември“, за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка, професорка и авторка.

    Во своето обраќање на свеченоста, Сиљановска-Давкова рече дека со доделување на орденот „8 Септември“, денот на којшто Проева толку многу му се радуваше, ѝ оддаваме признание на една од најзначајните личности на македонската историографија, научничка од европски и светски ранг.

    Таа истакна дека книгите и студиите на Наде Проева не се значајни само поради оригиналните и нови сознанија, туку зашто потсетуваат на она што денес сѐ почесто го забораваме: дека знаењето не никнува од убедувањето, туку од истражувањето; дека не се темели на претпоставки, туку на релевантни извори; не произлегува од желби, туку од аргументи.

    Според неа, нејзиниот научен труд не се гледа и препознава само во книгите и студиите што ги напиша, туку и во грижата за научното наследство што го остави зад себе, меѓу другото и преку уредувањето на едициите: Historia Antiqua Macedonica и Bibliotheca Miscellanea Byzantino-Macedonica.

    „Историјата за неа не беше бегство и засолниште од сегашноста. Нејзиниот научен интерес никогаш не остана затворен меѓу страниците на стручните списанија и академските конференции. Таа активно и бурно учествуваше во јавниот живот, уверена дека интелектуалецот нема само право, туку и должност да зборува кога се отвораат прашања од суштинско значење за културата, историјата и идентитетот. Нејзините колумни имаа просветителски карактер и учев од нив“, рече претседателката.

    „Имав привилегија да ја познавам Наде и да се дружам со неа во Скопје, во Охрид или во градината на семејната куќа во Ресен. Ме восхитуваше нејзината љубопитност, остроумност, луцидност, храброст, креативност, бескомпромисност, остар јазик. Беше непресушен извор за мене, рудник на знаење. И по децении истражувања таа не се однесуваше како да ги пронашла сите одговори, туку како човек кој учи, кој сѐ уште си поставува многу важни прашања, бара одговори на нив, личност која вешто дебатира, умно негира, логично проблематизира“, рече претседателката во обраќањето.

    Орденот ѝ беше врачен на Павлина Проевска, сестра на Наде Проева.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.