Author: Author 04

Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“ СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера…

Повеќе

ОВР – Кочани поднесе кривична пријава против С.З., 40-годишен кочанчанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Пријавениот противправно присвоил платежна картичка во сопственост на лице од Кочани и во периодот од јули 2025 до ноември 2025 во седум наврати неовластено навлегол во компјутерски систем и се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 161.800 денари, соопштија од МВР.

Повеќе

Вчера во 16:49 часот во СВР Скопје е пријавено дека на место викано „Сулејманови ливади“ во с.Горно Количани, скопско, пронајдени се коски слични на човечки, а во близина е пронајдена и облека, информираат од МВР.  Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на реконструкцијата на улица „Лазар Трповски“, една од најзначајните сообраќајни артерии во овој дел од градот. Овој проект е клучен за обезбедување поголема безбедност, ред и ново достоинство за граѓаните на Чаир. Станува збор за целосна реконструкција со нов асфалт на двете коловозни ленти, изградба на стандардизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни, уредени паркинг-простори и современ систем за јавно осветлување. Со ова се става безбедноста на прво место за сите учесници во сообраќајот, вклучително возачи, пешаци и велосипедисти. Улицата „Лазар Трповски“, која…

Повеќе

Откако минатата година низ серија прес-конференции насловени како „Афера – Провизии кои чинат животи“ ја истакнавме инволвираноста на Филипче како тогашен министер за здравство во трагедијата во која живи изгореа 14 наши сограѓани, за која Коцевски цврсто ги чуваше кривичните пријави и докази за Филипче во некоја од неговите фиоки, деновиве поранешната обвинителка Лејла Кадриу исто така потврдува дека работата е забошотена, посочи на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, Кадриу вечерта на кобната трагедија била повикана како јавен обвинител да помогне во истрагата, а по неа дошол и тогашниот ДЈО Јовевски, кој со свои двајца обвинители…

Повеќе

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, денеска поднесе неотповиклива оставка до претседателот на Собранието, Африм Гаши. Одлуката за повлекување следува по неколкунеделни јавни полемики и изнесени сомнежи во врска со нејзиното работење во Комисијата. „ДО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Г.Африм Гаши, претседател Почитуван Г. Гаши, Согласно член 14 став 1 алинеа 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, јас Цвета Ристовска поднесувам оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата. По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во прска со мојата работа во Државната комисија за спречување…

Повеќе

Со денови ги слушаме СДС и Филипче, во прашална форма како лажно ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за некаков шверц на дрога, па го мешаат Томовски, и кој се уште не, но, еве ја вистината на дело, рече на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Откриваме фрапантен податок и фотографија, која покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегалната марихуана – еден до друг, истакна Петрушевски. „Венко Филипче на телевизиско интервју, кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на Фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, а…

Повеќе

Трудот, напорната работа и чесниот пристап вродуваат со плод. Македонија на чекор до потпишување историски трговски договор со стратешкиот партнер и најмоќната економија во Светот, Соединетите Американски Држави, изјави на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. По затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава помеѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, посочи Стојаноски. „Оваа изјава претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД и со ова се прави значаен исчекор во економската соработка но и го трасира патот за сеопфатен договор…

Повеќе

Роберт Кенеди Џуниор, актуелниот министер за здравство на САД, јавно проговори за својата мрачна минато со зависностите во подкастот „This Past Weekend“ кај Тео Вон. Кенеди, кој веќе четири децении е на пат кон закрепнување, упати фрапантна изјава велејќи дека денес „не се плаши од бактерии“ токму поради неговото минато. „Не се плашам од повраќање… Шмркав кокаин од тоалетни школки“, призна Кенеди, објаснувајќи дека неговата борба со зависноста е секојдневна битка која бара дисциплина и посетување состаноци за поддршка. Министерот откри дека за време на пандемијата формирал „пиратска“ група за поддршка за да можат зависниците да продолжат со состаноците и…

Повеќе

Центарот на Атина денеска е под силно полициско обезбедување и сообраќаен метеж, додека колони трактори и конвои со земјоделци од цела Грција пристигнуваат на најавениот голем протест пред Хеленскиот парламент. Главниот собир на плоштадот Синтагма е закажан за 16:00 часот, а организаторите најавуваат дека ќе останат таму во текот на целата ноќ. Земјоделците бараат итно намалување на трошоците за производство, загарантирани цени за нивните производи и итни измени во државниот осигурителен систем за компензација на загубите. Иако претходно имаше средби со премиерот Киријакос Мицотакис, земјоделските здруженија велат дека не е понудено решение што ќе ја запре кризата во секторот. Овојпат,…

Повеќе