Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Филипче ја повторува матрицата на Заев и е подготвен на отстапки со Бугарија

    Петрушевски: Филипче ја повторува матрицата на Заев и е подготвен на отстапки со Бугарија

    23.06.2026 во 11:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати сериозни критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во однос на неговиот став кон македонско-бугарските односи. Според него, СДСМ продолжува со релативизирање на националните прашања.

    „Додека Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои се негираат македонскиот јазик, историја и идентитет, Венко Филипче не гледа никаков проблем. Наместо да застане во одбрана на македонските национални позиции, тој ја убедува јавноста дека нема причина за загриженост“, истакна Петрушевски.

    Од опозициската партија обвинуваат дека ваквиот пристап на Филипче претставува слабеење на преговарачките позиции на државата уште пред евентуалното доаѓање на власт.

    „Филипче не преговара, не бара гаранции и не поставува црвени линии. Напротив, тој уште пред да добие каква било одговорност од граѓаните испраќа порака дека е подготвен да ги прифати условите кои Македонија со години ги одбива како неправедни и понижувачки. Тоа е однапред прифатен пораз“, нагласи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Петрушевски направи директна паралела меѓу актуелното раководство на СДСМ и претходниот лидер на партијата, посочувајќи дека се користи истата политичка стратегија.

    „Истата политика ја водеше и Зоран Заев. Прво ги убедуваше граѓаните дека нема опасност, а потоа следуваа отстапките. Денес Филипче ја повторува истата матрица, прво ги релативизира бугарските барања, а потоа ќе бара оправдување за нивно прифаќање. Затоа Филипче е политичко продолжение на Заев, кој е подготвен да оди и чекор подалеку доколку тоа му отвори пат до власт“, додаде тој.

    На крајот од прес-конференцијата, Петрушевски порача дека граѓаните бараат заштита на државните позиции и дека партијата нема да отстапи од зацртаните црвени линии.

    „Македонските граѓани не бараат политичари кои однапред капитулираат и ги прифаќаат туѓите диктати. Бараат политичари кои ќе знаат да ги бранат државните и националните интереси. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи враќање на политиките на попуштање, понижување и национални отстапки. Македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на преговори и политичко пазарење“, заклучи Петрушевски.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.