- Во понеделник без вода делови од скопска општина
- За седум часа, санкционирани 43 возачи на камиони во Скопје
- Зеленски бара двопартиска поддршка од САД: Итно потребни се нови ракети за „Патриот“
- Пад кај акциите поврзани со вештачка интелигенција
- Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година
- Уапсен 56-годишен охриѓанец: Возел со 2,06 промили алкохол во крвта
- Судски удар за плановите поврзани со Трамп: Стопирани работите на новата „Триумфална капија“
- Народната банка ги олеснува условите за располагање со средствата во „АЛТА банка“ – oд понеделник се отвораат шалтерите и во Тетово и Струмица
Author: Author 04
Седум лица се лишени од слобода од вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 21.06.2026 во 17:26 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди на главата и телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. На 22.06.2026 во 06:50 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена пријави дека на 21.06.2026 околу 22:30 часот во домот…
Трагично заврши четиридневната потрага по осумгодишното дете кое исчезна во реката Драва во Хрватска. Спасувачките екипи денеска го пронајдоа неговото тело на околу два километри од местото каде што последен пат било видено. Според информациите од хрватската полиција, телото било лоцирано во попладневните часови во близина на Селница Подравска, во општина Леград. Во опсежната потрага изминатите денови беа вклучени голем број полициски службеници, припадници на Хрватската планинска служба за спасување (ХГСС), нуркачи, пожарникари, како и локално население. Во акцијата учествуваа и специјализирани екипи од соседните окрузи Вараждин и Меѓимурје. По наредба на надлежното јавно обвинителство, веднаш се започнати истражни дејствија…
Деветнаесетгодишно момче го загуби животот по давење во базен во општина Угљевик, во Босна и Херцеговина. И покрај брзата интервенција на спасувачките служби и обидите за реанимација, лекарите не успеале да му го спасат животот. Според информациите од надлежното обвинителство, момчето со иницијали М.С. било извлечено од базенот, по што веднаш започнале мерки за реанимација на местото на настанот. По укажаната прва помош, младиот човек бил итно пренесен во Домот на здравје во Угљевик, каде дежурниот лекар ја констатирал неговата смрт. За трагичниот настан веднаш била известена Полициската станица во Угљевик, а на местото излегол и дежурен јавен обвинител кој…
– СДС го имаше сведено образованието на нула. Во нивно време немаше учебници, студентските домови беа во катастрофална состојба, а стипендиите беа нејасни и со ист месечен износ, па не се знаеше кои се наменети за студенти со висок просек, а кои се мотивирачки за стратешките области. Наместо инвестиции во образованието и младите, сведоци бевме на години на негрижа, застој и погрешни политики, наведува ВМРО-ДПМНЕ во сооштение во кое упатува реакција на прес-конференција на Петар Огњеновиќ од СДСМ. „Младината на СДС, наместо да се занимава со идеи, реформи и решенија за подобра иднина на младите, e заложник на штетните политики…
Организираната криминална група ВМРО гордо соопшти дека завршиле првичните разговори за реконструкција на Владата. Исто како да го реконструираат Титаник, а не Влада. Рокот истекол, резултатот го знаеме, велат од СДСМ . „По долги и „конструктивни“ разговори, дојдоа до епохално откритие: ќе сменат неколку министри или ќе направат рокади на ресори.За да оваа Влада доживее вистинска реконструкција, прво би требало да го реконструираат премиерот.Затоа што токму тој ја води Владата, исто како што ја води и партијата. Значи – фан-клуб. Како во партијата, така и во Владата.Реконструкцијата, според нив, ќе донесе „повеќе одговорност, ефикасност и резултати“. Што во превод значи: ќе…
На триесет и двегодишниот Тони Ташев итно му е потребна финансиска помош од граѓаните за да замине на оперативен зафат, откако болеста со која претходно се изборил повторно се вратила. Тони веќе еднаш се соочи со тумор на мозокот, по што помина низ хируршка операција, зрачење и тешки хемотерапии. Сепак, последните медицински прегледи покажаа дека се соочува со рецидив и прогресија на болеста, што кај него предизвикува физичка слабост и губење на рамнотежата. Лекарите препорачуваат итна оперативна интервенција, но цената на операцијата изнесува повеќе од 10.000 евра. Ова е сума која неговото семејство не е во можност самостојно да ја…
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, најави реализација на повеќе од 60 нови проекти во текот на претстојното лето, кои според неговите проценки директно ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните во оваа локална самоуправа. Процесот започнува во текот на следните неколку денови кога официјално се отвораат вратите за дечињата во новоизградената детска градинка „Кокиче“ во Трубарево. Во делот на предучилишното згрижување, најавени се и нови градинки во Инџиково, Сингелиќ, како и помеѓу населбите Маџари и Керамидница. Во рамки на патната и подземната инфраструктура, планирана е изградба на фекална канализација во Идризово, Јурумлери, Гоце Делчев и Чукур Маало,…
АД МЕПСО ги повикува земјоделците во периодот на наводнување и жетва, да бидат особено внимателни при користење на системите за наводнување, земјоделската механизација и другата опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа. Заради безбедност на луѓето и сигурност на електроенергетскиот систем , неопходно е да се почитуваат следните упатства:
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61% во однос на одлуката од 15.6.2026 година.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 ден/лит.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 7,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,932 ден/кг и сега ќе изнесува 42,291 ден/кг.Од 23.6.2026 година од…
Седум лица лишени од слобода во Скопје и струмичко затоа што кај нив била пронајдена дрога Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога. На 21/22.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Р.(34), А.Р.(19), М.Р.(21), М.К.(37), сите од Скопје, Т.Б.(28) од с.Волково, скопско и А.А.(37) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја, прашкаста материја и марихуана. На 20.06.2026, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.К.(33) од село Бориево, струмичко.…
