Во однос на најавената реконструкција на Владата, процесот се одвива преку разговори со коалициските партнери.
Денес и утре се предвидени средби со политичките партии ЗНАМ и ВРЕДИ. Со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап, во овој момент не би навлегувале во дополнителни детали. Штом бидат постигнати конкретни договори и дефинирани решенија, јавноста ќе биде навремено и целосно информирана. Она што во моментов останува непроменета позиција и јасен принцип на претседателот на Владата, проф др Христијан Мицкоски, беа пораките кои тој јавно ги упати на одбележувањето на 36-годишнината од ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.
Премиерот тогаш нагласи дека внимателно ги следи состојбите во институциите и дека не е задоволен од појавите кај дел од функционерите кои се оддалечуваат од принципите врз кои е формирана Владата.
Тој посочи дека до него пристигнуваат забелешки за недоволна достапност на дел од министрите и директорите, како и за оддалечување од секојдневните проблеми и потреби на граѓаните. Мицкоски јасно порача дека Владата е избрана да му служи на народот, а не да ужива во привилегиите на власта, додавајќи дека секој функционер мора да биде достапен, посветен и постојано присутен меѓу граѓаните.
Во своето обраќање тој нагласи дека нема да толерира несовесност, неодговорност и отстапување од принципите врз кои се темели работата на Владата, без разлика на функцијата што некој ја извршува.
Премиерот исто така порача дека не прифаќа оправдувања за неисполнување на обврските и дека секој што не може да одговори на предизвиците треба чесно да го преиспита своето место во тимот. „Сите отстапувања прецизно ги нотирам и ќе има промени. Тие промени треба да ги подобрат капацитетите и да го дадат максимумот од секој поединец. Сакам секој од вас да остане посветен на народот, достапен и чесен“, беше пораката на Мицкоски.
Основниот критериум во процесот на реконструкција останува ефикасноста, достапноста кон граѓаните, исполнувањето на програмските цели и целосната посветеност на работата во интерес на народот.
- Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
- Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
- Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
- Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
- Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
- Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
- Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
- Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки

