Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најголемата спортска сала во Македонија станува Т Арена

    Најголемата спортска сала во Македонија станува Т Арена

    19.06.2026 во 13:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонски Телеком и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ започнуваат стратешко партнерство со кое најголемата спортска сала во земјата добива ново име и нов идентитет и станува Т Арена.

    Т Арената во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ наскоро ќе добие нов визуелен изглед со препознатливата магента боја на Т брендот и на надворешниот и во внатрешниот простор на салата. Телеком веќе 25 години ја поврзува Македонија преку најдобрата мрежа, а преку ова партнерство ќе овозможи нови моменти што ги поврзуваат луѓето: спортски успеси, незаборавни концерти и врвни настани.

    „Т Арена е многу повеќе од ново име. Таа е симбол на нашата долгорочна посветеност кон заедницата и кон вредностите што ги обединуваат луѓето – спортот, културата и заедничките искуства. Горди сме што стануваме дел од оваа приказна и веруваме дека ова ќе донесе нова енергија, нови можности и дополнителна вредност за посетителите и за целата јавност“, изјави Горан Марковиќ, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

    Оваа соработка е продолжение на долгогодишната определба на Македонски Телеком да инвестира во проекти коишто придонесуваат за развојот на општеството и создаваат позитивно влијание во заедницата.

    Ваков вид на партнерство со значајни спортски објекти од страна на водечки компании е одамна воспоставено во светот, а со Т Арена, Македонија се приклучува кон оваа успешна традиција. Спортскиот центар „Борис Трајковски“ со години е домаќин на најголемите спортски натпревари, концерти, саеми, фестивали и бројни културни настани и има големо значење за јавниот живот во земјата.

    „Партнерството со Македонски Телеком отвора ново и возбудливо поглавје во развојот на нашиот спортски центар. Заедно ќе работиме на унапредување на искуството за посетителите, привлекување нови настани и дополнително позиционирање на арената како регионален центар за спорт, култура и забава. Сигурни сме дека Т Арена ќе стане уште посилен симбол на современа Македонија и место каде што ќе се создаваат нови големи приказни“, изјави Данијел Апостолоски, директор на СЦ „Борис Трајковски“.

    Македонски Телеком е важен чинител во дигиталната трансформација на земјата, вложува во најдобрата инфраструктура и ги носи најновите технологии, за што во последниве 25 години се инвестирани повеќе од 1,19 милијарди евра, а со децении е дел од најголемите спортски, културни и општествено важни настани и иницијативи.

    Официјалната промоција на новата Т-Арена ќе биде одбележана со музички настан за сите граѓани во Македонија за кој ќе следат повеќе детали.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.