Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Официјалните бројки потврдуваат раст на вработеноста за близу 17.000 лица во однос на 2024 година

    Стојаноски: Официјалните бројки потврдуваат раст на вработеноста за близу 17.000 лица во однос на 2024 година

    19.06.2026 во 13:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Официјалните податоци од Државниот завод за статистика потврдуваат дека економските политики на Владата даваат конкретни резултати на пазарот на трудот, соопшти пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

    Тој посочи дека во првото тримесечје од 2026 година во Македонија се евидентирани 707.385 вработени лица, за разлика од второто тримесечје на 2024 година кога таа бројка изнесувала 691.736 лица, што претставува зголемување за близу 17.000 вработени.

    Според презентираните статистички податоци, стапката на невработеност е намалена од 12,5 на 11,3 проценти, додека стапката на вработеност забележа раст од 45,6 на 46,5 проценти.

    За остварување на овие резултати, како што појаснуваат од владејачката партија, клучна улога имаат активните мерки за поддршка на домашните компании, привлекувањето нови инвестиции и Оперативниот план за вработување за 2026 година, кој е вреден речиси 40 милиони евра и опфаќа над 10.000 лица.

    Од вкупниот буџет за Оперативниот план, повеќе од 32 милиони евра се наменети директно за креирање нови работни места, со посебен фокус на младата популација до 29 години, каде се планира вклучување на речиси 6.000 лица.

    Дополнително, за околу 3.500 млади лица до 23 години кои се вработени во производствените капацитети во земјава, предвиден е младински додаток во износ од 3.000 денари.

    Преку мерките за самовработување и претприемништво на терен се очекува отворање на повеќе од 2.000 работни места, додека преку мерката за поддршка за креирање нови позиции треба да бидат опфатени уште над 1.500 лица.

    Стојаноски направи ретроспектива и на резултатите од 2025 година, кога преку Програмата за самовработување со грант биле поддржани повеќе од 2.600 лица и биле отворени околу 2.200 нови деловни субјекти во државата.

    „Не велиме дека сите проблеми се решени. Потребни се уште работа, инвестиции и реформи. Но денес имаме јасни показатели дека преземените мерки даваат резултати“, заклучи пратеникот на прес-конференцијата.

    Прочитај повеќе

    Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот

    03.08.2026 во 15:06

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.