Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Возачи внимавајте: Од полноќ важат нови правила за патарините во Македонија

    Возачи внимавајте: Од полноќ важат нови правила за патарините во Македонија

    15.06.2026 во 09:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги потсетува сите учесници во сообраќајот дека од полноќ, односно од денеска (15 јуни), стапуваат во сила измените во системот за наплата на патарините.

    Според новата одлука, лентите кои се означени за М-Таг во иднина ќе бидат наменети исклучиво за корисниците на овие електронски уреди за наплата.

    Од државното претпријатие апелираат до граѓаните пред да пристигнат на самите наплатни станици внимателно да ги следат информативните електронски табли и навреме да ја изберат соодветната лента.

    Официјалното соопштение јасно ги дефинира промените кои веќе се активни на терен.

    „Лентите означени за М-Таг ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корисници со електронски тагови. Со оваа измена се укинува можноста за наплата со М-Кард на лентите предвидени за М-Таг“, информираат од претпријатието.

    Со новата организација, лентите на наплатните станици ќе бидат строго поделени на четири категории: наплата со М-Таг, наплата со М-Кард, наплата со готовина и комбинирана наплата со М-Кард.

    Возачите кои користат М-Кард картички ќе мора да ги користат останатите достапни ленти кои одговараат на нивната намена.

    Паралелно со ова, упатен е апел за максимално почитување на сообраќајната сигнализација, каде зелената стрелка означува отворена лента, а црвениот икс (X) означува затворена лента.

    Од ЈПДП предупредуваат дека непочитувањето на новата намена на лентите може да предизвика сериозни застои, да ја намали ефикасноста и да ја загрози безбедноста на патиштата.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.