Author: Author 04

На 07.02.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Затвор-Скопје е пријавено дека во просторија во установата пронајдени се и одземени мобилни телефони и други предмети. За настанот е известен јавен обвинител, а од страна на полициски службеници предметите се подигнати за понатамошна постапка, информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Единаестгодишно дете од Штип се здобило со тешки телесни повреди, откако изгубило контрола на својот велосипед и удило во дрво, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип. Во соопшттението се наведува дека на 08.02.2026 во 12.10 часот во СВР Штип од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди било донесено 11-годишно момче од Штип. Според пријавеното, малолетникот управувајќи велосипед, во близина на место викано „Сончев град“ изгубил контрола и удрил во дрво. Малолетникот е хоспитализарн во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. За настанот бил известен Јавен обвинител и извршен е увид.

Повеќе

Полковникот на МВР Милан Миловиќ, кој веќе 30 години обезбедува високи функционери, зборуваше за случајот со киднапирањето на пејачот Даниел Кајмакоски и нагласи дека верува оти станува збор за непланиран и брзоплет криминален чин. Ибро Ибрахимовиќ, советник на вицепремиерот и член на Бирото за борба против корупцијата и трговијата со луѓе, ја истакна нелогичноста во изборот на локација за такво кривично дело. Соговорниците истакнуваат дека фактот што пејачот се враќал од концерт можел да ги наведе киднаперите на заклучок дека тој имал голема сума пари со себе. Сепак, дополнително внимание се привлекува кон информациите дека осомничените наводно се странски државјани,…

Повеќе

На 8 февруари 2026 година, царинските службеници, во соработка со полицијата, открија и спречија два обиди за шверц на цигари завиткани во ролни фасадна мрежа на влезот на граничните премини Прохор Пчињски и Прешево. Првиот случај се случи на граничниот премин Прохор Пчињски кога беа откриени 10 ролни фасадна мрежа, кои служеа како камуфлажа за 900 пакувања цигари од марките „Марлборо“, „Родео“, „Вест“ и „Бос“. Уште 710 пакувања скриени цигари беа откриени во торбите со личните работи на патниците. На преминот Прешево беше откриен втор, речиси идентичен обид за шверц со 8 ролни фасадна мрежа завиткани во 840 пакувања цигари…

Повеќе

Вчера во 20:00 часот на ул.„Дабничка” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Ф.А.(40) и И.Џ.(27), двајцата од Прилеп, постапувајќи по пријава дека истиот ден во населба „Три багреми” во Прилеп со остар предмет го нападнале С.А.(36) од Прилеп и му нанеле повреди, соопштија од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Повеќе

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи. Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите потврди дека утрешната собраниска седница ќе се одржи паралелно со протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Иако влезовите за возила ќе бидат блокирани, Гаши очекува пратениците да најдат начин да стигнат до своите работни места. „Се договоривме дека треба да продолжиме да работиме, а исто така ќе го почитуваме правото на протест. Не верувам дека некој пратеник нема да дојде пеш“, изјави Гаши. Тој нагласи дека нема да има дополнително обезбедување на објектот, туку МВР ќе ги спроведува редовните безбедносни протоколи. Во однос на барањата за зголемување на…

Повеќе

Вчера во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина, информираа од МВР. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка.

Повеќе

Познатиот македонски пејач Даниел Кајмакоски (43) поминал низ вистински пекол викендов во Србија. По неговиот настап во популарната „Бетон Хала“ во Белград, тој бил киднапиран од две лица кои по филмска потера со автомобил се забиле во банка во близина на Рума. Според деталите што ги објави новинарот Младен Мијатовиќ, киднаперите намерно предизвикале сообраќајна несреќа, по што го оставиле врзаниот Кајмакоски во остатоците од возилото и побегнале пеш. Пејачот во полиција изјавил дека напаѓачите зборувале на англиски и турски јазик и му се заканувале со пиштол.

Повеќе

Ноќеска во 04:15 часот на автопатот ,,Пријателство“, во правец од Скопје кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово. При вршење на мотопатролна дејност, полициските службеници запреле патничко возило „фиат браво“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршен преглед во возилото, било констатирано дека превезувал 4 лица-мигранти, двајца од Непал и по еден од Индија и Пакистан. Н.С. е задржан во полициска станица, а мигрантите се пренесени во Транзитниот центар Табановце и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе