Close Menu
Press24
    Најново

    Вреди: Односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси

    09.07.2026 во 22:22

    Зеленски: Украина се договори на политичко ниво со САД за производство на ракети „Патриот“ на нејзина територија

    09.07.2026 во 22:13

    Приведени 4 лица: Се расправале, па се степале – еден пукал во воздух

    09.07.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вреди: Односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси
    • Зеленски: Украина се договори на политичко ниво со САД за производство на ракети „Патриот“ на нејзина територија
    • Приведени 4 лица: Се расправале, па се степале – еден пукал во воздух
    • Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
    • СДСМ: Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО
    • Премиерот се сретна со шефот на Интерпол: Разговарале за борбата против организираниот криминал
    • СДСМ: Народот стои финансиски лошо Мицкоски, исто и Буџетот
    • Денес почна исплатата на овие парични средства – проверете дали ви се легнати
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пресврт во случајот за штипјанецот кој си ја уби мајката: Апелација ја укина доживотната казна затвор

    Пресврт во случајот за штипјанецот кој си ја уби мајката: Апелација ја укина доживотната казна затвор

    18.06.2026 во 17:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Апелацискиот суд-Штип ја укина пресудата со која штипјанецот Стојанче Зарков беше осуден на казна доживотен затвор за убиството на својата мајка.

    По ваквата одлука на второстепениот суд, на Зарков повторно ќе му се суди во Основниот суд во Штип.

    Зарков, кој веќе започнал да ја издржува изречената казна затвор, по најновата судска одлука повторно ќе биде вратен во притворскиот оддел.

    Првостепената пресуда со казна доживотен затвор му беше изречена во февруари годинава, за свирепото убиство кое се случи лани на 8 август во раните утрински часови.

    Тој во семејниот дом со нож ја уби својата 84-годишна мајка Марија Заркова, по што самиот се јавил на соодветниот број за итни повици.

    Судечкиот судија Сашко Георгиев во Основниот суд во Штип при изрекувањето на првичната пресуда потенцираше дека се работи за исклучително тежок случај каде е одземен човечки живот.

    Според официјалната архива на судот во Штип, Стојанче Зарков претходно во дури три наврати е суден за сторени кривични дела поврзани со семејно насилство.

    Новиот судски процес во штипскиот суд треба да започне од почеток во следниот период.

    Прочитај повеќе

    Вреди: Односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси

    09.07.2026 во 22:22

    Приведени 4 лица: Се расправале, па се степале – еден пукал во воздух

    09.07.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.