Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД 
    • Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек
    • Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк
    • Започнува зимското сметање на времето: Ноќеска се враќаат стрелките на часовникот
    • МОН со објаснување за проблемот во „Стив Наумов“: Изолирани ситуации кои се санираат, но дел се и од несоодветно користење
    • Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен
    • (ВИДЕО) Mицкоски: Небото свети Македонија
    • Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ковачки: Македонија денес е побезбедна

    Ковачки: Македонија денес е побезбедна

    18.06.2026 во 20:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија денес е побезбедна и економски постабилна држава сега, отколку пред две години, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, за време на своето гостување на Македонско радио 1.

    Ковачки се осврна на економските показатели, борбата против криминалот и корупцијата, евроинтегративниот процес и дипломатските активности, оценувајќи дека актуелната власт постигнува резултати во повеќе клучни области.

    ,,Македонија е посигурна откако ја преземавме власта, Македонија која што е економски поразвиена од пред две години, Македонија која што има раст од над 3% во последните 7 квартали. Нешто што споредбено со СДС и ДУИ беше 1,1% тоа годишно, во период од 7 години по ред“, рече Ковачки.

    Тој истакна дека голем број лица, меѓу кои и припадници на судската и обвинителската фела, како и поранешни функционери, веќе се изведени пред лицето на правдата, што според него е доказ за сериозна борба против криминалот.

    ,,Гледаме спроведување на лица кои што се од високата фела, тука пред се мислам и на судската фела, на јавнообвинителската фела, на поранешни лица од извршната власт итн. Нешто што беше мисловна именка“, кажа Ковачки.

    Во однос на евроинтеграциите, генералниот секретар на владејачката партија посочи дека претходната власт ја заглавила земјата на тој пат, а опозицијата сега не остава простор за конструктивен пристап.

    ,,Многу е неодговорно да оставите еден таков сериозен проблем. Луѓе кои за свои лични привилегии би жртвувале се, не гледајќи ја големата слика, не создавајќи простор и можност за да се остави простор Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, да го$- рече Ковачки.реши овој проблем,да најде решение кое што нема да задира во македонскиот идентитет, решение кое што ќе ја приближи македонија кон ЕУ, нешто за што ние се залагме од самиот почеток на формирањето на нашата партија“, вели тој.

    Ковачки дополни дека во моментов се води засилена дипломатска активност со лидерите на европските држави, како и со претставниците на Европската Унија.

    ,,Имаме една дипломатскa активност, која што јас верувам дека би требало да вроди со плод, на партиско ниво исто така сме активни, учествуваме на сите конференции, семинари итн, на ЕПП, каде што ги презентираме нашите ставови“, посочи Ковачки.

    На крајот, тој потенцираше дека најважно од сè е македонските позиции да бидат јасно претставени пред меѓународната јавност: ,,Најважно од се е да се кажува и да се говори македонската вистина“.

    Прочитај повеќе

    Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД 

    24.10.2026 во 11:47

    Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк

    24.10.2026 во 11:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.