Close Menu
Press24
    Најново

    Мајка уапсена во Скопје: Пријавено дека физички ја нападнала малолетната ќерка

    06.11.2026 во 12:41

    Ја уценувал со експлицитни фотографии: Барал пари за да не ги испрати на нејзиното семејство

    06.11.2026 во 12:39

    Ѓорѓиевски: Отворен нов фризерско-козметички кабинет во СУГС „Димитар Влахов“

    06.11.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мајка уапсена во Скопје: Пријавено дека физички ја нападнала малолетната ќерка
    • Ја уценувал со експлицитни фотографии: Барал пари за да не ги испрати на нејзиното семејство
    • Ѓорѓиевски: Отворен нов фризерско-козметички кабинет во СУГС „Димитар Влахов“
    • Кривична пријава за матичар од Слупчане: Изготвувал лажни изводи за странски државјани
    • Тешка сообраќајка во скопско: Мотоциклист заврши на Ургентен по судир со автобус
    • Утре повеќе од 6 часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку населени места
    • Повеќе инвестиции и посилни економски врски – Муцунски го пречека швајцарскиот колега
    • Возел „мортус пијан” а имал и забрана – Лишени од слобода 12 возачи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија се интегрира во европските гасни коридори: Божиновска ги претстави енергетските проекти во Загреб

    Македонија се интегрира во европските гасни коридори: Божиновска ги претстави енергетските проекти во Загреб

    06.11.2026 во 11:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Регионалното енергетско поврзување и подготвеноста за климатските предизвици беа главните теми на министерскиот состанок на CESEC во Загреб, каде што излагање имаше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

    Божиновска порача дека регионалното опремување е од суштинско значење за долгорочната стабилност.

    „Енергетската безбедност и диверзификацијата повеќе не се само стратешки опции, туку неопходност. Регионалното поврзување и заедничките вложувања се клучни за стабилно снабдување, конкурентна економија и долгорочна енергетска сигурност“, порача Божиновска.

    Таа ги претстави временските рамки за изградба на гасната мрежа, според кои интерконекцијата со Грција ќе биде готова до средината на 2027 година, а конекцијата со Србија до 2028 година.

    „Со вклучувањето на двата проекти во иницијативата „Вертикален гасен коридор“, Македонија станува важен дел од регионалната инфраструктура за диверзификација на снабдувањето и поврзување на енергетските пазари“, истакна Божиновска.

    Реформите во секторот опфаќаат усогласување со европските правила за транспарентен и конкурентен пазар на гас. Покрај ова, беа дискутирани ефектите од електрификацијата, обновливите извори на енергија и водородната стратегија.

    Во однос на заштитата на енергетските системи од временски неприлики, министерката подвлече дека е потребна поголема инфраструктурна подготвеност.

    „Климатската отпорност мора да стане трет столб на енергетската безбедност, покрај сигурноста на снабдувањето и диверзификацијата. Потребни ни се енергетски системи што ќе бидат не само поврзани и ефикасни, туку и отпорни на идните предизвици“, нагласи Божиновска.

    Прочитај повеќе

    Кузеска: Власта врши притисок за продажба на „Алта банка“ за да го заташка криминалот

    06.11.2026 во 11:43

    СДСМ: „Што читал Муцунски? – Извештајот на ЕК покажува нула напредок во борбата против корупцијата”

    06.11.2026 во 09:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.