- Денеска сончево и топло, попладне дожд и грмежи – УХМР најавува локално невреме до следната недела
- Русија со предупредување: Србија е цел на сценарио за промена на власта по моделот на Евромајдан
- Вучиќ: Силниот не е оној што никогаш не паѓа, туку оној што секој пат станува
- Тетовчанка подолг период правела лажни машки профили на социјалните мрежи
- Заминал за Италија па му се запалила куќата во Македонија
- Изнајмил автомобил од рент-а-кар, па му го одзеле со закана и го продале: Две лица заработија кривични
- Заострување на казните и поголема старосна граница: Се менува Законот за воведените електрични тротинети
- Летал со 188 км/ч со „Порше“ на автопатот Куманово-Скопје, полицијата му го одзеде возилото
Author: Author 04
Шест возачи управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“, лишени се од слобода и ќе им бидат поднесени кривични пријави На 07.02.2026 во 12:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода С.М.(26) од с.Стајковци, скопско. По извршени гранични проверки, било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген шаран“ со бугарски национални ознаки иако има мерка „забрана за управување со моторно возило од Б категорија“. На 08.02.2026 во 02:10 часот на ул. „Пецо Божиновски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.С.(21) од Битола. При контрола во…
На 07.02.2026 во 23:45 часот на улицата „Бранко Богдански Гуцман” во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.О. (19) од Куманово. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.О., при што констатирале дека го управувал возилото без возачка дозвола. На 08.02.2026 во 00:20 часот на бул. „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Р.И.(27) од с. Требош. При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „порше“ со тетовски регистарски ознаки и било констатирано дека…
Српското Министерство за внатрешни работи ги потврди сите детали за драматичното киднапирање на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски (43). Во опсежното соопштение се наведува дека пејачот бил киднапиран во раните утрински часови на улицата „Караѓорѓева“ во Белград, по што започнала масовна полициска операција. „По потера по возило во кое двајца засега непознати сторители го киднапирале Д.К. под закана со нож и пиштол и му изнудувале пари, возилото е запрено на територијата на општина Рума. Жртвата е пронајдена со врзани раце, додека сторителите успеале да заминат во непознат правец“, соопштија од српското МВР. Во акцијата учествувале речиси сите елитни единици, вклучително УКП,…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека е постигнат значаен договор со синдикатите УПОЗ и САДУ, со кој се предвидува етапно покачување на платите за вработените во администрацијата, судовите и обвинителствата. Планот предвидува вкупен раст на платите од речиси 40% во период до 2028 година. „Ова е поширок пакет кој опфаќа околу 11.000 вработени. Владата, како најголем работодавач, воспоставува договор кој гарантира достоинствено ниво на плати. Ова е историски момент бидејќи досега никогаш не сме имале ваков долгорочен план за усогласување на примањата“, изјави Мицкоски. Премиерот нагласи дека по договорите со вработените во образованието и здравството, сега се заокружуваат односите и…
Вчера во 14:20 часот, на крстосницата на булеварот „Ослободување“ со улицата „11 септември“ во Кичево, патничко возило „фиат пунто“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(73) од Кичево, удрило во З.М.(83) од кичевското село Кнежино. З.М. бил пренесен во Општата болница во Кичево, каде му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.
На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродорм Стенковец. “Министерството за транспорт како институција која е надлежна за објекти од прва категорија како што се аеродроми, болници кои третираат терциерна здравствена заштита, градби за високо образование, спортски сали, стадиони и други државни инфраструктурни објекти во изминатиот период сериозно пристапи кон решавање на проблемот со нелегалните објекти кои спаѓаат во оваа категорија. Во координација на повеќе институции – Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат,…
Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер го погоди јужниот грчки остров Крит половина час по полноќ, објави денес Атинскиот геодинамички институт. Досега нема извештаи за штети или повредени од земјотресот, објавува „Катимерини“. Епицентарот на земјотресот е регистриран во морето, на длабочина од 29,5 километри, во близина на западниот дел на Крит, во 00:33 часот по полноќ. Крит е еден од деловите на Грција со најмногу регистрирани земјотреси и е едно од сеизмички најактивните подрачја во светот.
Нови детали објавени од српски „Блиц“ откриваат дека киднапирањето на Даниел Кајмакоски се случило во моментот кога тој излегувал од барот во „Бетон Хала“ каде што имал настап. Двајца напаѓачи, за кои се претпоставува дека се странски државјани, му пристапиле вооружени со нож и пиштол, по што со сила го турнале во неговиот автомобил и го врзале. Драмата добила на интензитет кога полицијата, која вршела засилени контроли поради викендот, им сигнализирала да застанат. Во истиот момент, пријател на пејачот веќе го пријавил киднапирањето во полициска станица, што овозможило брза и координирана потера. „Намерата на киднаперите била финансиска корист, односно планирале…
Кратко по киднапирањето, киднаперите наидоа на полициска рација на улицата Караѓорѓева, по што следеше потера откако возачот на белата „Волва XC 60“ ги игнорираше полициските наредби и почна да бега во правец на Бранков мост, објавија медиумите. Најсилните сили на Министерството за внатрешни работи и на Полициската управа во Белград веднаш се приклучија на потера. Координираната акција ја предводеше УКП, со поддршка од: САЈ и Жандармеријата, ССК (Служба за специјални истражни методи) и СБПТЕ, УСП (Сообраќајна полиција) и УЗТ (Техничка дирекција). Цело време, киднаперите држеле пиштол во главата на пејачот и барале 20.000 евра за неговиот живот, заканувајќи се дека…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека во Дубаи е уапсен и итно екстрадиран во Русија мажот осомничен за вооружениот напад врз високиот воен разузнавач Владимир Алексеев. Осомничениот, идентификуван како Љубомир Корба, бил приведен по интензивна потрага во Обединетите Арапски Емирати. Генерал-потполковник Алексеев, кој е заменик-началник на ГРУ (руската воена разузнавачка служба), беше застрелан со повеќе куршуми во петокот во станбена зграда во Москва. Според руските медиуми, тој веднаш бил опериран и се наоѓа во болница. ФСБ тврди дека Корба е роден во украинската област Тернопол и дека во Русија допатувал со цел да го изврши атентатот во име…
