- Русија со предупредување: Србија е цел на сценарио за промена на власта по моделот на Евромајдан
- Вучиќ: Силниот не е оној што никогаш не паѓа, туку оној што секој пат станува
- Тетовчанка подолг период правела лажни машки профили на социјалните мрежи
- Заминал за Италија па му се запалила куќата во Македонија
- Изнајмил автомобил од рент-а-кар, па му го одзеле со закана и го продале: Две лица заработија кривични
- Заострување на казните и поголема старосна граница: Се менува Законот за воведените електрични тротинети
- Летал со 188 км/ч со „Порше“ на автопатот Куманово-Скопје, полицијата му го одзеде возилото
- (ФОТО) Тажна вест: Почина познатиот пејач Алекс Буено
Author: Author 04
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција постапувајќи по кривична пријава поднесена од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, донесе наредба за спроведување на истражна постапка против три лица од Скопје. Како што информира Јавното обвинителство, постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело „злосторничко здружување“ и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Во рамки на предистражна постапка е утврдено дека постои сомневање дека лицата се организираат за одмазда на своите браќа кои во текот на минатата година беа…
На 05.02.2026 во 15:10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Е.Џ.(35), М.Џ.(27) и Е.Д.(50), сите од Штип. Според пријавеното, во 15:05 часот на ул.„Стамен Манов” во Кочани, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. , а при извршен преглед кај М.Џ. била пронајдена и одземена марихуана. Судија од Основниот суд Кочани одреди мерка притвор од 30 дена за М.Џ. и тој е спроведен во Казнено поправна установа Затвор Куманово.
Вчера во 17:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.В.(35) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 04.02.2026, дека А.В. во временски период од 18.12.2025 до 04.02.2026 во продажно место на подрачјето на Бит Пазар, каде бил вработен како менаџер, во повеќе наврати неовластено одзел пари од касата, при што на правниот субјект му нанел штета во износ од 2.783.867 денари. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави по чл.239 „затајување“ и чл..235 „кражба“ од КЗ.
Вчера околу 22:00 часот, на ул. „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Х.Л.(23), Б.З.(27) и А.З.(24), сите од Гостивар. При преглед на патничко моторно возило „шевролет спарк“ со гостиварски регистарски ознаки, кај Х.Л. е пронајдена кутија со марихуана. Утврдено е и дека возачот А.З. го управувал возилото без возачка дозвола, а возилото било со измината регистрација. Возилото е одземено, а тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.
Утринава од фирмата ЦБД Медплант во струмичкото Ново Село, во акција на МВР се запленети 21 тон марихуана, дознава порталот Мкд.мк. Според пишувањето на порталот, како еден од сопствениците на ЦБД Медплант, фигурира Христијан Котев, меѓутоа во бизнис-политичките кругови за реален сопственик се смета неговиот татко, Тони Котев. Исто така, според одредени сознанија кои ги објави порталот, Тони Котев, со прекар М’гцев е поранешен претседател на огранокот на СДСМ во Ново Село и низ годините имал повеќе бизнис-релации со Вице Заев. Ова е втора поголема заплена на марихуана во рок од три дена. Завчера, во акција во фирмата Алфа Фарм ДОО…
Министерот за здравство, Азир Алиу, вчера учествуваше на основањето на Пан-албанскиот колеџ на хирурзи (ПAKX), кое се одржа во Тирана, соседна Албанија. Во своето обраќање пред присутните хирурзи од Албанија, Северна Македонија, Косово, Австрија, Германија, Швајцарија, САД и други, држави министерот Алиу нагласи дека со оваа професионална организација се поставуваат нови мостови на поврзување меѓу институциите и различните генерации на хирурзи, притоа поврзувајќи ја оваа хумана професија со нејзината благородна цела за безбедност и достоинство на пациентот. „Хирургијата е област која бара високи стандарди затоа што може да биде прашање на живот или смрт за човекот. Затоа, основањето на ПAKX…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој синоќа беше реизбран за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, порача дека новата организациска поставеност на партијата ќе донесе дополнителна енергија во нејзиното дејствување. Преку својот Фејсбук профил, тој упати благодарност до претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, за укажаната доверба. Муцунски истакна дека е вистинска одговорност да се биде дел од телото кое ги штити националните интереси. „Убеден сум дека новата организациска поставеност ќе донесе дополнителна енергија и кохезија, бидејќи силна и стабилна партија е важен предуслов за силна и стабилна држава“, стои во неговата објава. Тој потсети дека во…
Што е тоа компост?Компостот е природен органски материјал добиен со контролирано разградување на био-отпадот – процес во кој микроорганизми (бактерии и габи), со присуство на кислород, влага и соодветна температура, ги претвораат органските остатоци во стабилна „почвена хумусна“ маса. Резултатот е органски, темен, ронлив материјал со земјен мирис, кој ја подобрува структурата на почвата, ја зголемува нејзината плодност, и придонесува за намалена потреба од вештачки ѓубрива, а со тоа и поквалитетни земјоделски производи. Од што се добива компост?Компостот најчесто се добива од мешавина на „зелени“ и „кафеави“ материјали. „Зелените“ материјали се свежи, влажни и богати со азот, како на пример…
Димитриеска-Кочоска по реизборот во ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ова е време на мудри одлуки за поголеми победи
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, по синоќешниот реизбор за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, преку социјалните мрежи порача дека довербата е клучниот фактор за секој успех. Таа упати благодарност до партискиот лидер Христијан Мицкоски за можноста повторно да биде дел од највисокото раководство на партијата. „Чест ми е што ќе продолжам со сиот свој труд, знаење и кредибилитет да придонесувам кон заедничката цел – а тоа е Македонија да биде подобро место за живеење за секој граѓанин, во секоја смисла. Тоа е она за што деноноќно работиме и во што неприкосновено веруваме! Ова е време на силни и мудри…
Дневен хороскоп: Шкорпиите расчистуваат со минатото, Рибите ќе дознаат важна информација за иднината
Овен: Разговорите со другите ќе ви помогнат да ја видите вистината. Не носете одлуки сами, а на прашањата за финансиите пристапете им смирено. Бик: Фокусот е на работата и советите од колегите. Избегнувајте површни договори, бидејќи односите стануваат поинтензивни и бараат искреност. Близнаци: Идеален момент за нови идеи и учење. Подоцна, не ги игнорирајте обврските што веќе не можат да чекаат. Рак: Очекувајте олеснување во разговорите за домот. Вашите емоции се продлабочуваат и бараат искрено искажување. Лав: Време е за расчистување на недоразбирањата со партнерот. Подоцна, посветете се на внатрешниот мир и стабилноста на домот. Девица: Утрото носи јасност за…
