Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија: Млада Македонка загина во сообраќајка во Албанија – познат идентитетот

    Трагедија: Млада Македонка загина во сообраќајка во Албанија – познат идентитетот

    15.06.2026 во 11:431 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Медиумите на албански јазик во Македонија го објавија идентитетот на 26-годишната девојка од земјава која вчера трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во Албанија.

    Станува збор за Елмедина Љога од струшкото село Ливада.

    По објавувањето на оваа информација, во јавноста беа споделени и нејзини фотографии, а веста предизвика голема тага кај жителите на струшкиот регион и пошироко.

    Тешката сообраќајна несреќа се случила вчера на патниот правец Поградец – Ќафасан.

    Според достапните информации, младата девојка била сопатничка во автомобил управуван од друга жителка на истото струшко село.

    Возилото во кое се наоѓала настраданата директно се судрило со автомобил управуван од албанска државјанка од градот Корча.

    Во силниот судир најтешко настрадала 26-годишната сопатничка, која како последица на здобиените повреди починала на самото место.

    Двете возачки на возилата по несреќата веднаш биле пренесени во болница на понатамошно лекување.

    Според последните информации од надлежните медицински лица, нивната здравствена состојба во моментов е стабилна и тие се наоѓаат надвор од животна опасност.

    Надлежните истражни органи во Албанија продолжуваат со истрагата на терен за да ги утврдат сите околности и причините кои довеле до оваа трагична сообраќајна несреќа.

    Прочитај повеќе

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир

    31.10.2026 во 14:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.