- Русија со предупредување: Србија е цел на сценарио за промена на власта по моделот на Евромајдан
- Вучиќ: Силниот не е оној што никогаш не паѓа, туку оној што секој пат станува
- Тетовчанка подолг период правела лажни машки профили на социјалните мрежи
- Заминал за Италија па му се запалила куќата во Македонија
- Изнајмил автомобил од рент-а-кар, па му го одзеле со закана и го продале: Две лица заработија кривични
- Заострување на казните и поголема старосна граница: Се менува Законот за воведените електрични тротинети
- Летал со 188 км/ч со „Порше“ на автопатот Куманово-Скопје, полицијата му го одзеде возилото
- (ФОТО) Тажна вест: Почина познатиот пејач Алекс Буено
Author: Author 04
Нов безбедносен инцидент со беспилотно летало ја вознемири јавноста во Полска. Комерцијален дрон се урна денес во воена база во градот Лоѓ, откако претходно се заплетка во дрво. Воената полиција веднаш реагираше и го идентификуваше операторот – 22-годишен полски државјанин кој е веднаш приведен. Иако не е предизвикана материјална штета, приведениот се соочува со сериозни обвиненија за кршење на воздухопловните прописи. Според полските закони, управувањето со дронови во близина на воени објекти е строго забрането и за ова дело е предвидена затворска казна до пет години. Истрагата треба да утврди дали станува збор за невнимание или намерна провокација.
Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, вечерва преку социјалните мрежи упати благодарност за укажаната доверба од страна на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Ковачки истакна дека новата функција за него претставува огромна одговорност, но и чест да му служи на членството и на државата. „Дадената доверба е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија. Благодарен сум за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност и посветена работа“, напиша Ковачки. Тој воедно му се заблагодари и на неговиот претходник, Ѓорѓија Сајкоски, за неговата досегашна несебична посветеност на партиската организација.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој вечерва беше реизбран за член на Извршниот комитет на партијата, порача дека новиот состав е подготвен за „деноноќна работа“ за подобрување на животот во Македонија. Тој му се заблагодари на претседателот Христијан Мицкоски за довербата, потенцирајќи го нивното долгогодишно пријателство и соработка. „За ВМРО-ДПМНЕ што победува и ја менува Македонија! Ова е нов состав на Извршниот комитет кој ќе ги донесе победите на следните парламентарни, претседателски и локални избори“, истакна Николоски во својата објава.
Министерот за внатрешни работи и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски, упати јавна честитка до новоизбраното раководство на партијата. Тој изрази уверување дека новиот состав на Извршниот комитет, предводен од новиот генерален секретар Драган Ковачки, ќе донесе дополнителна стабилност и ефикасност во партиската работа. Тошковски нагласи дека партијата останува на патот на одговорноста и посветеноста кон интересите на граѓаните. „Убеден сум дека со овој состав партијата дополнително ќе ја зајакне својата организациска структура и ќе одговори на предизвиците што стојат пред нас. Продолжуваме посветено, одговорно и обединето“, порача Тошковски.
Полициските службеници го уапсија П. С., кој е осомничен за учество во бомбашкиот напад врз куќата на Здравко Чолиќ на 3 февруари. За потсетување, претходно беа приведени Сенад М. (32) и Марко А. Се верува дека на 3 февруари, Сенад М. и П. С. фрлиле рачна граната врз куќата на познатиот пејач, а Марко А. им помогнал со купување експлозивни направи. За потсетување, на сослушувањето пред обвинителот, Сенад М. го искористил своето законско право да не презентира одбрана, додека Марко А. накратко негирал дека го сторил кривичното дело и одбил да одговори на прашањата на јавниот обвинител. Нападот врз куќата…
Шест лица се полесно повредени во експлозија на граната во салон за убавина во центарот на францускиот град Гренобл, соопштија полициски извори, објави Ле Фигаро. Едно лице фрлило експлозивна направа која немала значително полнење или метални делови од проектилот, додека друго лице го снимало местото на настанот, изјави истражниот судија. Тој додаде дека видеото веќе циркулира на социјалните мрежи, опишувајќи го како „чин на заплашување“. Прелиминарниот извештај покажува дека шест лица претрпеле полесни повреди во инцидентот. „Тие биле третирани од медицински служби на лице место и не биле однесени во болница“, објасни префектот на регионот Изер. Тој додаде дека целта…
Уште еден напад врз српската полиција се случил во копнената безбедносна зона. Повеќе од 100 куршуми биле испукани од автоматско оружје во правец на полицијата. Во реонот на селото Парада во близина на Куршумлија, пред два дена, копнените безбедносни сили наишле на паднати дрвја кои го блокирале патот, спречувајќи ги да се движат понатаму. Во тој момент, неколку напаѓачи испукале десетици куршуми од автоматско оружје кон полицајците и избегале кон јужната српска покраина Косово и Метохија.
Дали некогаш сте се запрашале зошто некои луѓе едноставно не знаат да кажат „не“ на уште една порција? Астрологијата вели дека ѕвездите имаат прсти во нашиот апетит. Погледнете кои пет знаци се најголемите „прејадувачи“ и што ги мотивира да уживаат во храната до последен залак. Риби: За нив храната е емоција. Тие не јадат само за да се заситат, туку за да го нахранат срцето. Шкорпија: Нивната интензивна природа ги тера да одат до крајности – ако храната е добра, ќе јадат додека не ја изгубат контролата. Близнаци: За нив јадењето е социјален настан. Помеѓу два муабети, Близнаците несвесно ќе…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска од Младеновац изрази сериозна загриженост поради, како што тврди, новоформираниот воен сојуз во регионот. Според него, соработката меѓу Албанија, Хрватска и Косово не е само техничка, туку претставува стратешка алијанса насочена против српските интереси. Вучиќ потенцираше дека е особено симптоматично учеството на Приштина во овој сојуз, со оглед на тоа што таа не е членка на НАТО, за разлика од Тирана и Загреб. „Ова е воен сојуз кој е создаден за одбрана или офанзивни дејствија против одредени територии. Имаме значајни разузнавачки информации за нивните планови и правци на дејствување“, нагласи Вучиќ.
Втората рунда трилатерални преговори меѓу Украина, Русија и САД, што се одржа неделава во Абу Даби, заврши со значаен хуманитарен напредок. Специјалниот претставник на САД, Стивен Виткоф, потврди дека е постигнат договор за голема размена на вкупно 314 воени затвореници (по 157 од двете страни), што е прв ваков чекор од септември минатата година. Иако клучните политички и територијални прашања остануваат нерешени, претставниците на сите три страни го оценија дијалогот како „конструктивен“. Рускиот претставник Кирил Дмитриев истакна дека има „позитивно движење“, додека украинската страна нагласи дека се работи на „траен и праведен мир“. „Оваа размена покажува дека континуираниот дипломатски ангажман…
