- (ФОТО) Тажна вест: Почина познатиот пејач Алекс Буено
- Три хороскопски знаци стануваат магнет за пари во овој период – Хороскоп од 22 до 28 јуни
- Драма во велешко: Седумдесет и петгодишник со остар предмет нападнал сожител
- Одлични вести: Цената на нафтата бележи голем пад
- Средба Мицкоски – Димитриевски в сабота: ЗНАМ бара детали за најавената реконструкција на Владата
- Метео-предупредување: УХМР најавува сончево и топло, попладне можни пресврти
- Николоски во Солун на средба со Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е врвен приоритет за поврзување со Косово
- Ковачки: Македонија денес е побезбедна
Author: Author 04
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека внимателно ја следи состојбата со протестите на граѓаните насочени против проектот „Безбеден град“ и најави соодветни законски мерки. Од полицијата децидни се дека институцијата ќе одговори согласно своите надлежности за да го заштити јавниот ред и мир. „За сите видови на протести и собири на граѓани МВР како и до сега така и во иднина ќе одговори согласно своите надлежности, во насока на обезбедување на стабилен јавен ред и мир. Во врска со протестите на граѓаните, МВР во координација со Јавното обвинителство презема соодветни мерки и активности за понатамошно постапување“, стои во одговорот…
Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице по компликации од грип, соопшти Институтот за јавно здравје во неделниот извештај. Лицето било хоспитализирано на инфективното одделение во Клиничката болница Тетово. Кај починатото лице било утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Лабораториски е потврдена Influenza А(H3), соопштија од Институтот. Инаку во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија биле пријавени 1.498 случаи на групни пријави за заболени од грип или 12,3% помалку во споредба со претходната недела , кога биле…
Поднесена е кривична пријава против гостиварец кој преку коментари напишани на објава на медиум социјалните мрежи ширел омраза, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Д.(46) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, посочуваат од Министерството. Како што информормираат од МВР, на 18.11.2025 на објава од медиум на социјална мрежа, пријавениот од негов профил напишал коментари со кои ширел омраза.
Вчера од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишен од слобода е П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. До ОЈО Штип поднесена е кривична пријава по итна постапка, а по предлог на ОЈО Штип…
На 04.02.2026 во 10:10 часот на автопатот Градско- Велес, кај клучка Караслари, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ф.Ј.(35) од Прилеп. При сообраќајна контрола, било сопрено патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј. и покрај тоа што му биле изречени три мерки за забрана за управување моторно возило од Б категорија. На 04.02.2026 во 21:45 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода К.А.(29) од с.Злетово, пробиштипско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „опел корса“ со пробиштипски регистарски ознаки и по извршени проверки е констатирано дека…
Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес конференција за медиумите, испрати силна порака дека Скопје излегува од финансискиот и институционален колапс и влегува во период на стабилизација, развој и најголема инвестициска офанзива во својата историја. Тој истакна дека при преземањето на функцијата затекнал урнат систем, град на раб на банкрот, јавни претпријатија со блокирани сметки, вработени без плати, нефункционални институции и долгови од речиси 300 милиони евра. На сметката на градот имало само осум милиони денари реално расположливи средства, додека истиот ден чекале извршни решенија од 48 милиони денари. „Наместо да се жалиме, засукавме ракави и почнавме да…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска го презентираше предлог-законот за зголемување на минималната плата на 37.000 денари (600 евра), нагласувајќи дека власта има доволно пари во Буџетот доколку ги скрати трошоците за сопствен комфор. Според Филипче, за оваа мерка се потребни околу 120 милиони евра, сума која лесно може да се обезбеди од ставките за стоки, услуги и репрезентации. Филипче посочи дека синдикалната кошничка веќе надминува 66.000 денари и дека работниците не можат да го преживеат месецот додека цените неконтролирано растат. „Не може да има пари само за луксузирање, нови коли, мебел и репрезентации за функционерите, а работниците да страдаат.…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати сериозни обвинувања до СДСМ и поранешниот министер Оливер Спасовски, тврдејќи дека лица вклучени во нивната кампања организираат протести против проектот „Безбеден град“. Според Петрушевски, овие лица јавно повикувале на насилство и линч врз полициски службеници. Петрушевски посочи дека протестите се насочени против мерките кои треба да спречат возење без возачка дозвола и нерегистрирани возила. Тој потсети дека СДСМ и Спасовски во Собранието гласаа против овој проект. „Јавно ги прашуваме СДС и Оливер Спасовски, дали ќе се дистанцираат од овие протести и од лицата кои повикуваа на јавен линч? Дали сметаат дека е прифатливо…
Вчера во 01 часот, во ОВР Дебар лишени од слобода се А.Љ.(24) и А.Љ.(29), двајцата од Дебар, поради извршено кривично дело „насилство“ врз пет лица во близина на Дебар и поради тоа што нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејства. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Српската полиција, во соработка со БИА и Вишото јавно обвинителство, го уапси 31-годишниот С.М. под сомнение дека учествувал во бомбашкиот напад врз куќата на легендарниот пејач Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, потврди дека истрагата продолжува и интензивно се трага по второто осомничено лице. Инцидентот се случил во раните утрински часови на 3 февруари, кога напаѓачите активирале и фрлиле рачна граната во дворот на семејниот дом. Иако е предизвикана материјална штета, за среќа нема повредени. Чолиќ во тоа време се наоѓал во Загреб поради работни обврски. „Постојат основани сомневања дека С.М., заедно со друго…
