Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај

    08.07.2026 во 10:07

    Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад

    08.07.2026 во 10:03

    Утринска драма во Штип: Багер удрил во куќа додека семејството спиело

    08.07.2026 во 09:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај
    • Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад
    • Утринска драма во Штип: Багер удрил во куќа додека семејството спиело
    • Нападната малолетничка од „СОС Детско Село“
    • СДСМ: Мицкоски ја укина техничката влада на сила а сега сака модел за кражба на гласови
    • ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата
    • Левица: Актуелниот изборен модел ги краде гласовите
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица се против полесно гласање на дијаспората
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра поддршка за домашните компании

    Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра поддршка за домашните компании

    15.06.2026 во 12:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 230 милиони евра се префрлени досега за поддршка на домашните компании во рамки на кредитната линија од унгарскиот кредит, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања, тој појасни дека само во текот на минатата недела за оваа намена биле исплатени околу 120 милиони денари.

    Владата очекува дека преку овие поволни услови, вкупните инвестиции на домашните претпријатија двојно ќе се зголемат.

    „Знаете дека каматната стапка на кредитот е од 1,95%, нешто кое што претставува субвенционирано од страна на Владата, со грејс период од 3 години, до 12 години рок на отплата. И на тој начин практично, ние очекуваме барем двојно повеќе таа сума да се зголеми, кога станува збор за инвестиции на домашните компании“, изјави Мицкоски.

    Според него, ваквиот економски прилив е директно поврзан со позитивните резултати во индустрискиот сектор за месец април, кој покажува стабилизација по претходните глобални потреси.

    „Тоа е практично една од причините, да се надоврзам веднаш на второто прашање, зошто имаме раст во индустријата во месец април. Се консолидиравме после оној шок во март, кога се случи војната во заливот и кога практично ескалираше најголемата енергетска криза којашто ја памети човештвото во овој милениум. А според сите познавачи, ова е поголема од последните 3 енергетски кризи заедно“, потенцираше премиерот.

    Мицкоски додаде дека во април консолидираната индустрија забележала раст од 7,4 или 7,5 отсто во размената во споредба со истиот месец минатата година, нагласувајќи дека државата успешно се движи напред и покрај обидите за создавање паника во јавноста.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај

    08.07.2026 во 10:07

    Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад

    08.07.2026 во 10:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.