Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Jасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа
    • Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена
    • Потврден случај на ебола во главниот град на Нигерија
    • Средба Шасивари – Малукос: Силна поддршка од Атина за европската интеграција и реформите во правосудството
    • Владини веб-страници исклучени поради критични безбедносни пропусти: Итна реакција низ Европа
    • Младинските политики остануваат само на хартија: Општините не го почитуваат законот
    • Скопје: Се судрија автобус и автомобил
    • Ангелов: Регионалната соработка и подготвеноста се клучни за ефикасен одговор при катастрофи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Заработете 2.150 евра за три месеци: ДЗС бара поранешни војници и полицајци за гаснење на пожари

    Заработете 2.150 евра за три месеци: ДЗС бара поранешни војници и полицајци за гаснење на пожари

    12.06.2026 во 15:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) објави јавен повик за ангажирање поранешни припадници на Полицијата, Армијата и Противпожарните единици за организирано учество во гаснење пожари на отворен простор и шумски пожари.

    За тримесечен ангажман во текот на летото, Дирекцијата нуди паричен надоместок од 2.150 евра (односно 44.000 денари месечно нето / 132.000 денари вкупно) преку договор на дело, при што на пензионерите не им се прекинува исплатата на редовната пензија.

    Од ДЗС информираат дека кандидатите треба да имаат најмалку петгодишно полициско, армиско или пожарникарско искуство, без разлика дали се во пензија или од други причини ги напуштиле службите. Потребно е да се здрави и во добра психофизичка кондиција соодветна на возраста.

    Повикот е отворен за следните три позиции:

    1. Возачи на специјалните противпожарни возила (22 пинцгауери, 5 хермелини и 15 БТР-и пренаменети во противпожарни возила);
    2. Оператори на противпожарните пумпи вградени на специјалните противпожарни возила;
    3. Оператори со противпожарна водна ранци и метли.

    Во соопштението потпишано од директорот Стојанче Ангелов се наведува дека работното време ќе биде флексибилно и прилагодено на состојбата на теренот.

    „Дојдете, помогнете и заработете 2.150 евра за три месеци во текот на летото, гаснејки ги пожарите на отворен простор кои претстојат перед нас. Работното време ќе биде прилагодено на потребите за справување со пожарите на отворен простор односно се оди на терен во деновите кога има зголемен обем на пожари и се останува додека има потреба и услови за дејство. Користењето на слободни денови ќе се договора во зависност од потребите на теренот и од потребите на ангажираните лица. Воедно се погриживме да имаат доволно слободни денови за да можат да заминат на однапред планиран летен одмор.“

    Институцијата презема обврска да ги обезбеди сите прегледи, обуки и заштитна опрема за пријавените лица пред тие да бидат испратени на терен.

    „Ние ќе организираме соодветни здравствени прегледи, основна проверка на нивната психофизичка состојба, кратка и ефективна противпожарна обука, ќе добијат противпожарна униформа и неопходна опрема, а потоа ќе започнат со организирано учество најпрво во полесни и поедноставни пожари а подоцна и во други пожари каде ќе има потреба од поддршка на локалните сили, на територијата на Македонија.“

    Пријавувањето се врши електронски со испраќање порака на меил-адресата на ДЗС: dzs@dzs.gov.mk. Кандидатите треба да испратат име и презиме, куса работна биографија и личен телефонски број за контакт.

    Прочитај повеќе

    Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Jасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа

    21.10.2026 во 19:51

    Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена

    21.10.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.