Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Германија: Напад со нож во училиште во Баварија, тешко повредени две ученички

    08.07.2026 во 16:47

    Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот

    08.07.2026 во 16:30

    МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата

    08.07.2026 во 16:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Германија: Напад со нож во училиште во Баварија, тешко повредени две ученички
    • Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот
    • МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата
    • ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива во Тетово за заштита на Рамковниот договор
    • Потресни сведочења за трагедијата во „Пулс“: Татко на жртва праша дали полицијата била таму за бесплатни пијалаци
    • Зајкова избрана за потпретседателка во Собрането на ОБСЕ
    • Додека ММФ алармира за растот на цената на бакарот, македонските резерви во Иловица остануваат под земја
    • Поднесено обвинение за стечајот на Еуростандард банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Доаѓа ново големо невреме во Македонија

    Доаѓа ново големо невреме во Македонија

    15.06.2026 во 10:251 Min Read
    ФОТО: Пресс24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ново поголемо дестабилизирање на атмосферата и формирање на нестабилни влажни бранови се очекуваат во текот на утрешниот и задутрешниот ден во Македонија.

    Според прогнозата на метеорологот Славчо Попоски, земјава во вторник и среда (16 и 17 јуни 2026 година) во попладневните часови ќе биде под влијание на поладен атмосферски фронт од север.

    Како последица на овој бран, на повеќе места во државата ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра кои ќе донесат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

    Поради загреаната атмосфера исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силни електрични празнења и град.

    Промената на времето во попладневните часови ќе го зафати и Скопскиот регион, каде ќе има развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме со град.

    Што се однесува до температурите, тие во овие два дена ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

    Во Скопје и околината во текот на овие два дена максималната температура ќе се искачи до околу 30, односно 31 степен.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот

    08.07.2026 во 16:30

    МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата

    08.07.2026 во 16:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.