Author: Author 04

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во својство на  градоначалник на општина Дебрца, свесно, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување односно без потпишан договор, им овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда сопственост на општината на катастарска парцела во селото Волино, во периодот од 2017 до 2025 година, слободно да вршат трговска дејност, без обврска да плаќаат одреден паричен надомест во буџетот на општината. Пријавениот, тоа го направил иако знаел дека, според Статутот, управува со сопственоста на општината и…

Повеќе

Вчера во 12:20 часот на улица „Питу Гули“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Р.(79) од охридското село Коњско. Тој, претходно, на булевар „Туристичка“ во Охрид, управувајќи патнички автомобил „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички автомобили, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото. По преземени мерки, тој е пронајден и при извршено алкотестирање,  кај него биле утврдени 1,51 промили алкохол во крвта, по што одземени му се возачките и сообраќајни документи и е исклучен од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања по повод две години од доаѓањето на Христијан Мицкоски и неговата коалиција на власт. Од опозициската партија обвинуваат дека во овој период граѓаните не виделе реализација на ветените проекти, туку се соочуваат со уназадување на стандардот. „Две години во кои граѓаните наместо резултати добија лаги, дефокус и закани. Наместо подобар животен стандард, добија економски колапс, најниски плати во Европа и раст на сиромаштијата на 22%“, изјави Кузеска. Според СДСМ, економските индикатори покажуваат сериозен пад на перформансите, а државниот долг е енормно зголемен за краток…

Повеќе

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за молк по објавувањето на документот со чувствителни информации од страна на Бугарија. Петрушевски истакна дека по дипломатскиот преседан со кој беа загрозени безбедносните информации за претседателот Христијан Мицкоски и неговото семејство, јавноста очекувала јасна осуда и извинување од официјална Софија. „Наместо тоа, добивме извртување на темата и бегање од одговорност“, посочи пратеникот Петрушевски. Тој директно го прозва лидерот на опозицијата како „специјален бугарски пратеник“, нагласувајќи дека СДСМ свесно одлучила да го премолчи овој настан. „Од друга страна пак,…

Повеќе

Хороскопските знаци во текот на следните два дена влегуваат во фаза на реорганизација на плановите, со нагласен фокус на расчистување на недоразбирањата и креирање нови деловни идеи. Овен – Викендот нуди излез од вообичаените рамки и нов поглед на проблемите. Искреноста во љубовта ја зголемува блискоста, а на работа се раѓаат идеи за нови проекти. Потребно е повеќе движење на отворено. Бик – Време е за ослободување од минатото и согледување на работите од поинаков агол. Во љубовта емоциите стануваат подлабоки, а преку разговори може да се појави корисна деловна можност. Внимавајте на сигналите од телото. Близнаци – Партнерствата и…

Повеќе

Продолжува информативниот караван за презентација на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година, денес средби во Куманово, Гевгелија и Кавадарци.Во Куманово пред поголем број заинтересирани невработени лица се дискутираше за можностите, деталите и начинот за аплицирање на трите јавни повици од мерката за самовработување (претприемништво).Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески се осврна за мерките во Оперативниот план кои се директно наменети за младите лица, каде тие имаат историски голема вклученост. Младите се во фокус на Оперативниот план, им даваме голем број на можности да се реализираат на професионален план, а со тоа и да останат дома и…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма, посочи дека новата програмска рамка на СДСМ е поставена инклузивно и дека во неа се издвоени неколку клучни сфери кои се од интерес на граѓаните и на кои следната влада ќе треба да им посвети најголемо внимание. „Процесот на подготовка на програмската рамка беше работен многу инклузивно. Идентификувавме неколку главни теми, околу кои што сметам дека треба да се работи понатаму, да се слушаат експерти, партиски, непартиски,граѓански организации, активисти, интелектуалци. Тоа се сферите во кои што следната влада, бидејќи ова очигледно не работи, ќе треба да…

Повеќе

Вчера во 12:00 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека настанал пожар на нива на регионалниот пат Тетово–Јажинце, во атарот на село Теарце, при што била опожарена сува трева. Пожарот бил целосно локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. По преземени мерки од полициски службеници било констатирано дека пожарот го предизвикал Г.Ц.(55) од с.Теарце. Тој е лишен од слобода поради сомневање за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Задржан е во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Утрово во осум часот во ОВР – Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после тунел Т-2, П.З., 58-годишник од Република Србија, управувајќи товарно возило „мерцедес“ со приколка со српски национални ознаки, изгубил контрола и приколката се превртела на коловозот. Во несреќата настанала само материјална штета – рекоа од СВР – Велес. Оттаму додадоа дека увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино. За време на увидот, сообраќајот се одвивал по една коловозна лента и во 10:50 часот е нормализиран.

Повеќе

Времето утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи…

Повеќе