Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска за двегодишното владеење на Владата: Наместо резултати, добивме лаги и закани

    Кузеска за двегодишното владеење на Владата: Наместо резултати, добивме лаги и закани

    26.06.2026 во 13:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања по повод две години од доаѓањето на Христијан Мицкоски и неговата коалиција на власт.

    Од опозициската партија обвинуваат дека во овој период граѓаните не виделе реализација на ветените проекти, туку се соочуваат со уназадување на стандардот.

    „Две години во кои граѓаните наместо резултати добија лаги, дефокус и закани. Наместо подобар животен стандард, добија економски колапс, најниски плати во Европа и раст на сиромаштијата на 22%“, изјави Кузеска.

    Според СДСМ, економските индикатори покажуваат сериозен пад на перформансите, а државниот долг е енормно зголемен за краток временски период.

    „За само две години Владата на Мицкоски ја задолжи државата со 2,5 милијарди евра нов долг. Задолжувањето е секојдневно. Буџетот е празен“, додаде Кузеска, нагласувајќи дека има кратења кај земјоделските субвенции за 40 милиони евра и сериозен ризик за исплата на идните пензии.

    Опозицијата тврди дека од вкупно 1.198 ветувања наведени во изборната програма на владејачката партија, досега не е исполнето ниту едно.

    Таа додаде дека на прашањата за економијата и корупцијата, премиерот Мицкоски одговара со навреди, при што оние кои бараат европска иднина ги нарекува „талог на општеството“, „мочуриште“, „мекотели“, „глодари“ и „медиокритети“.

    „Со лаги дојде на власт, со лаги владее, со лаги се обидува да се задржи на власт. Ова е резимето на две години од владеењето на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група – ВМРО, во тендер-коалиција со распаднатиот ЗНАМ“, заклучи Кузеска.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.