- Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
- Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
- Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
- Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
- Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
- Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
- Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
- Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене
Author: Author 04
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција по повод две години од мандатот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на која ги презентираше клучните резултати и активности реализирани во изминатиот период. „Во изминатите две години работевме со јасна визија, јасни приоритети и една цел – посилна меѓународна позиција на државата, посилни партнерства и конкретни придобивки за граѓаните. Денес можеме да кажеме дека изградивме поактивна, поотворена и поефикасна дипломатија“, истакна Муцунски. Во своето обраќање, министерот нагласи дека надворешната политика останала доследна на трите стратешки столба: силното партнерство со Соединетите Американски Држави, целосната усогласеност со…
Оставањето на навидум безопасни ситници во возилото во текот на летото може да предизвика сериозни експлозии и пожари. Сите предмети кои содржат ознака „лесно запаливо“ или имаат батерии претставуваат огромен ризик доколку се изложени на директно сонце. Во топлите денови, внатрешноста на паркиран автомобил на надворешна температура од 35 степени може да надмине 60 степени за помалку од еден час, додека на контролната табла температурата достигнува и до 80 степени. Поради ваквите екстремни услови, неодамна во Нов Зеланд се запали автомобил од прегреан таблет, додека во Алабама експлодираше електронска цигара, а во регионот е забележан и случај на изгорено возило…
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес оствари средба со фудбалерите и претставниците на Фудбалскиот клуб ”КУЛ”, по повод нивните одлични спортски резултати остварени во изминатата натпреварувачка сезона. Повод за средбата беше двојниот успех на клубот – шампионската титула во младинската категорија и пласманот на сениорската екипа во Третата фудбалска лига. Фудбалскиот клуб КУЛ ја одбележа сезоната со исклучителен успех на својата генерација 2010. Тимот на помладите пионери го освои првото место во Втората младинска лига. На средбата беше истакнато дека овој резултат претставува директна потврда за квалитетот, дисциплината и континуираната работа со младите категории кои се негуваат…
Силен топлотен бран ја погоди Европа, а неговиот врв во регионот, поточно во Хрватска, допрва се очекува во наредните денови. Метеоролошките прилики се под влијание на специфична антициклонска омега ситуација, карактеризирана со длабок циклон над Атлантикот и друг источно од Балтикот, која донесе продор на топол и сув африкански воздух. Ветровите на голема надморска височина од север и североисток повремено носат помали количини на влажен воздух од север, што предизвикува локални нестабилности во форма на грмотевици и силен развој на конвективна облачност во попладневните часови, според метеорологот на N1, Бојан Липовшчак. Липовшчак објаснува дека топлотниот бран функционира како голем „топлотен…
Тешка несреќа ја потресе белградската општина Грочка, откако едно и полгодишно машко дете се здоби со повреди опасни по живот откако било прегазено со трактор во дворот од семејната куќа. Несреќата се случила вчера во попладневните часови во населбата Бегаљица. Според првичните информации, членовите на семејството го палеле возилото со намера да закачат приклучна шина, кога детето се нашло до тешките тркала. Таткото и дедото биле присутни во дворот за време на инцидентот, но никој не успеал навреме да го забележи движењето на малото момче. „Сè се случи за секунда. Дедото само сакаше да ја поврзе машината, никој не виде…
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари работна посета на Општина Ранковце, каде што се сретна со градоначалникот Даниел Павловски, членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочува Општина Ранковце и можностите за нивно надминување преку поддршката што ја обезбедува Министерството за локална самоуправа. Посебно внимание беше посветено на можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините, преку кој Министерството обезбедува стручна, техничка и советодавна помош за јакнење на административните капацитети, подготовка на плански документи, подобрување на финансиското управување и унапредување на локалните услуги. На состанокот беше истакнато…
Западна Европа се соочува со екстремен топлотен бран кој веќе однесе повеќе од 40 животи во Франција, додека температурите во неколку региони се искачија над 40 степени Целзиусови. Главниот виновник за оваа состојба е атмосферскиот феномен познат како „омега блокада“. Оваа специфична конфигурација придонесува огромна маса на топол воздух да остане заробена над истата географска област со денови, со што се создаваат опасни температури и долготрајна суша. Името на овој феномен доаѓа од обликот на грчката буква омега (Omega). Тоа е така бидејќи испакнатината од топол воздух под висок притисок се наоѓа позиционирана помеѓу два постудени системи со низок воздушен…
Три лица се пронајдени мртви во студентски дом во бугарскиот град Угарчин, јавуваат локалните медиуми. Жртвите во овој трагичен настан се две жени и еден маж. Според првичните информации, на настанот му претходел жесток конфликт меѓу неколку лица во објектот, кој наводно бил поврзан со нерасчистени лични односи и љубовен триаголник. Медиумите пренесуваат дека за време на расправијата, маж со криминално досие со нож нападнал возрасна жена и маж кои биле во домот. Двајцата се здобиле со смртоносни повреди на самото место. Сведок на целиот инцидент било 15-годишно девојче. За да избега од напаѓачот, таа скокнала од терасата на зградата.…
Цените на нафтата забележаа нов пад на светските берзи откако повеќе бродови поминаа низ клучниот Ормутски теснец. Ваквото раздвижување на теренот е резултат на напредокот во разговорите за решавање на конфликтот меѓу САД и Иран. Меѓународниот стандард, суровата нафта „Брент“, забележа пад од 0,7 проценти и се тргуваше по цена од 76,30 долари за барел, објави Асошиејтед Прес. Во изминатите неколку денови со оваа нафта се тргуваше под границата од 80 долари. За споредба, кон крајот на февруари, пред почетокот на воениот конфликт, цената изнесуваше околу 70 долари за барел. Паралелно, пазарните аналитичари будно ја следат состојбата со глобалните резерви…
Цигарите во Германија би можеле драстично да поскапат во следните неколку години. Германското Министерство за финансии планира постепено зголемување на даноците на тутунот, пренесува германската новинска агенција ДПА. Според нацрт-законот во кој увид имала агенцијата, просечната цена на пакување од 20 цигари би можела да се зголеми од околу 8,80 евра во 2027 година на околу 11,40 евра до 2030 година. Како дел од овие измени, даночната компонента во малопродажната цена би се зголемила од околу 4,40 евра на 5,75 евра по пакување. Планираните зголемувања ќе ги опфатат и сите останати тутунски производи на пазарот. Од германското Министерство за финансии…
