Author: Author 04

Американскиот претседател Доналд Трамп е повикан на итен состанок за кризата со Иран, а висок сојузник на САД предупреди дека претседателот е подготвен да започне напад „во рок од неколку часа“. Доналд Трамп ги повика своите врвни советници на брифинг во Белата куќа во среда за да разговараат за тековната нуклеарна криза со Иран, според извештајот на веб-страницата „Аксиос“. Нему му беа презентирани опции поврзани со нуклеарните разговори што се одржаа со иранските дипломати во Женева претходно оваа недела. Администрацијата е поблиску од кога било до започнување голема војна против Иран, велат изворите. „Ова беше однапред закажан состанок за да…

Повеќе

Шпанската полиција уапси хакер (20), кој користел софистицирана кибертехнологија за да резервира сместување во луксузни хотели за само еден евроцент по ноќ. Ова е прв познат случај од ваков вид што вклучува манипулација со системот за плаќање за резервација на хотели преку интернет, иако никој не ја отфрла можноста дека ова се случило и претходно, тукушто е откриено. Уапсен во хотелотОсомничениот шпански државјанин наводно измамил најмалку еден луксузен хотел во Мадрид за повеќе од 20.000 евра преку повеќекратни престојувања, а бил уапсен во среда додека престојувал во друг луксузен хотел, каде што вредноста на сместувањето се проценува на околу 1.000…

Повеќе

Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, 32-годишник од Скопје пријави дека бил измамен од едно лице за сума  од 800 евра. Според пријавеното, претходно, додека управувал патничко возило застанал на знак од лицето, кое му барало пари за да стави гориво да стигне до одредено место. Како што е пријавено, се договориле да му го продаде личниот златен накит, а откако отишол во златарница го известиле дека накитот не е златен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Иако интересот за работа во Германија е во постојан пораст, илјадници граѓани од Западен Балкан на крајот од 2025 година останаа со одбиени барања за работа. Околу 18.000 апликации биле отфрлени бидејќи бројот на баратели значително ја надминал годишната квота од 50.000 дозволи. Според податоците на германската Агенција за вработување, бројот на странски работници кои плаќаат придонеси за осигурување е двојно зголемен за само пет години – од 200.000 во 2020 година на рекордни 420.000 во јуни 2025 година. Најголем дел од квалификуваните работници пристигнуваат со „сината карта“ на ЕУ, чии услови беа олеснети со законските измени од 2020 година.…

Повеќе

Времето утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во сабота наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.

Повеќе

Утрово во 04:50 часот во СВР Битола, 37-годишна жителка на Битола пријавила дека била физички нападната од својот вереник А.И.(42), исто така од Битола. Според пријавата, при инцидентот бил употребен метален предмет, при што жената се здобила со повреди. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по пријавата биле преземени соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. Полициските службеници работат на утврдување на сите околности поврзани со настанот, како и на документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Денес во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, остварисредба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер и првиот советник Филип Маршето.Во фокусот на средбата беа заложбите на владејачкото мнозинство за бескомпромисна борбапротив корупцијата и остварување на видлив економски развој за граѓаните и земјата.Дополнително, координаторот Мицевски ја истакна подготвеноста на Собранието и понатамуда биде силен двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европскитестандарди.Во разговорот се нагласи дека заедно со нашите европските пријатели чекориме кон градењена просперитетна и сигурна европска иднина за сите.

Повеќе

Во среда во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 17-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Кисела Вода во Скопје со уште неколку лица физички ги нападнале Д.Б.(18) и Б.Ј.(18), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Најновиот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности за втората половина од 2025 година покажува сериозен пораст на цените на становите низ државата. Највисок скок на цените е забележан во Куманово (24%) и Тетово (22%), додека скопските општини Карпош, Кисела Вода и Гази Баба бележат пораст од по 16 проценти. Според податоците од Регистарот на цени и закупнини, највисока цена по метар квадратен е евидентирана во општина Центар, каде максимумот достигнал вртоглави 232.722 денари. На спротивната страна, најниската цена е забележана во Чаир, со минимум од 19.543 денари за метар квадратен. Во однос на обемот на работа, Аеродром останува лидер…

Повеќе

Вчера во 22:50 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода П.Г.(50) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека пред маркет на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје физички ги нападнал В.С.(40) од Скопје и С.В.(51) од Крива Паланка, а потоа со закани ја внел во патничко возило неговата 44-годишна поранешна партнерка и физички ја нападнал. По извршени проверки е констатирано дека П.Г. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,15 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветена пријава.

Повеќе