Author: Author 04

Вчера во 15:50 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници го приведоа С.П.(61) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон вработените во спортска обложувалница и кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. При преземање мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,90 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 15:00 часот во СВР Тетово, 55-годишник од село во општина Желино пријавил дека бил измамен од С.Р. од с.Камењане, општина Боговиње. Според пријавеното, во текот на 2024 година С.Р. му ветил на оштетениот дека ќе му посредува за добивање социјална помош и социјален стан, за што во неколку наврати му исплатил вкупно 4.200 евра. По некое време услугите не биле извршени, а парите не му биле вратени, по што сфатил дека бил измамен. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Пролетта 2026 година не носи само разбудување на природата, туку и вистински финансиски земјотрес за неколку знаци од Зодијакот. Според светски познатиот астролог Тамара Глоба, влегувањето на Сонцето во Овен на 20 март го означува почетокот на циклус во кој среќата конечно ќе им се насмевне на оние кои долго чекаа. Еве кои се „миленичињата“ на ѕвездите:

Повеќе

Мицкоски вечерва им порача на работниците дека неговата Влада нема намера да ги покачува платите. Според него, платите им се добри, затоа што смета дека толку и работат, велат од СДСМ. „Она што сите го сфатија од вечерашното интервју на премиерот е дека целата земја и сите граѓани треба да трпат – зависно од расположението на Мицкоски. Часовници од 60 илјади евра, луксузирање на грбот на народот, авион, стотици тендери од парите на граѓаните за тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ – тоа може. Само поголеми плати за работниците не може. Мицкоски ќе види кој колкава плата заслужува, па ќе кажел. Дури тој…

Повеќе

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски даде детален отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот. Тој посочи дека градот го презел во состојба на тотален колапс, со блокирани сметки и празна каса, но дека со воведување на строга финансиска дисциплина веќе се видливи првите големи резултати. Клучни постигнувања во првите 100 дена: „Наследивме хаос, но воспоставуваме систем и ред. Ова не е само мој успех, туку успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје може и мора поинаку“, порача Ѓорѓиевски.

Повеќе

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се чини дека повторно се откажал од портокаловата шминка, што го докажува неговата нова фотографија без засилувачи на тен, која привлече големо внимание на социјалните мрежи. Фотографијата ја објави Лиз Трас, поранешната премиерка на Обединетото Кралство, објави Баз Фид. На 15 февруари, Лиз Трас сподели фотографија со Трамп со натпис: „Во право сум за сè“. Следниот ден, таа објави епизода од подкаст за патувањето во Палм Бич, која е емитувана 735 пати на YouTube. Освен сомнителниот натпис, единствената „шминка“ што Трамп се чини дека ја носи е на надлактицата: Трамп исто така изгледаше помалку портокалово…

Повеќе

Во недела на 22 февруари е Прочка.Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштавањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите… се остатоци од претхристијанските пролетни забави. Празникот Прочка или Велики поклади, меѓу народот познат и како Проштени поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Овој празник доаѓа по неколкуте зимски празници, како што се: Бадник, Божик, Водици, Св. Трифун и ги поврзува со поголемиот број пролетни празници, како што се: Тодорова сабота, Летник, Св. 40 маченици…

Повеќе

Во свет полн со конфликти и импулсивни реакции, постојат луѓе кои како со магија успеваат да ја смират секоја тензија. Астролозите велат дека одредени знаци имаат вроден талент за дипломатија — тие не напаѓаат, туку ја пакуваат вистината со стил и емпатија. Еве кои знаци се вистинските амбасадори на мирот во вашиот круг: ВагаОлицетворение на рамнотежата. Вагата прва ја чувствува негативната енергија и веднаш стапува на сцена со внимателно избрани зборови. Нејзината цел не е да победи во расправијата, туку да воспостави хармонија. ДевицаДипломатија преку логика. Додека другите викаат, Девицата анализира. Таа знае како да ви ја посочи грешката без…

Повеќе

Лил Поп, кој беше од Џексонвил, потпиша договор со раперот Јо Готи и неговата издавачка куќа Collective Music Group, а неговите песни ги вклучуваат хитовите „Love & War“, „Mind Over Matter“ и „Happy Tears“. Неговиот последен студиски албум беше минатогодишниот „Almost Normal Again“. Само неколку дена пред неговата смрт, тој објави нова песна, „Out of Town Bae“. Музичкиот продуцент Скоти ОТХ изјави за локалната станица на NBC WTLV во Џексонвил дека Вилер бил исклучително вреден и посветен. „Никогаш не сум видел некој да работи понапорно од него. Попа е последниот човек што останува во студиото“, рече Скоти. Тие ја направија…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за скандалот со дрогата истакна дека истрагата води до лица од опозицискиот блок, но и поранешни политичари, при што посочи дека сите ќе одговараат затоа што се ќе биде поткрепено со докази. Во однос на текот на досегашната истрага премиерот Мицкоски изјави дека има кривична пријава за 10 лица покрај оние двајца кои веќе се приведени и ова е само почеток, врз основа на информациите, додека за обвинувањата на опозицијата изјави дека одговорност ќе има кон сите, но опозицијата треба да е свесна дека…

Повеќе