Author: Author 04

Вчера околу 13:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го приведоа С.В.(45) од Италија. При гранични проверки и контрола на возило со италијански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени осум импровизирани направи со игла за активирање на непозната муниција, пиштол калибар 22, шест кутивчиња со по 100 парчиња муниција, едно кутивче со 200 парчиња муниција, едно кутивче со 60 парчиња муниција и други предмети. По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам. Осомничениот на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. Инспирација за ваков напад, му бил настан од 14.12.2012 година во САД кога Adam Lanza – 20 годишно момче, во Училиште во САД со автоматка пушка убило 26 лица од кои 20 деца. По добиени информации од…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оваа недела реализираше низа важни средби. Оваа недела остварив одвоени средби со амбасадорите на Кралството Шведска, Ола Сулстром, на Португалската Република, Жозе Руи Велез Каросо, и на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков, истакна Муцунски. „На средбите беше констатиран континуираниот позитивен развој на билатералните односи, како и унапредувањето на политичката и економската соработка и парламентарната дипломатија. Во таа насока, беше изразена заедничка подготвеност позитивниот тренд да продолжи и во текот на оваа година, со посебен фокус на економската соработка. Воедно, разменивме мислења за можностите за натамошно унапредување на економските релации, зголемување на трговската…

Повеќе

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) попладнево информира за ненадеен прекин на сообраќајот на регионалниот патен правец 1304, кој ги поврзува Виница и Берово. Според официјалните информации, од 14:52 часот патот е целосно затворен во двата правци. Причината за блокадата е протест на група граѓани.

Повеќе

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”. Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во…

Повеќе

Пред неколку дена, застрашувачка лавина се урна од еден од врвовите на Алпите, директно на шините, додека возот минуваше покрај нив. Се појави и видео од овој инцидент, оставајќи ги патниците во неверица. Да потсетиме дека 5 лица, вклучувајќи го и машиновозачот, беа повредени кога лавина удри воз во Швајцарија. Во возот имаше околу 80 патници. Во спасувачката операција беа вклучени и хеликоптери. Нема официјални информации за степенот на повреди. Несреќата се случи околу 7 часот наутро во регионот Вале. Возот тргна од Шпиц во 6:12 часот наутро. Возот излета од шините поради лавина што ја погоди областа Штокграбен -…

Повеќе

Македонија би можела да стане дел од Европската Унија многу побрзо отколку што се очекуваше, но под специфични услови. Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на Канал 5 откри дека во Брисел сè погласно се дискутира за сценарио според кое земјава, заедно со Украина, Црна Гора и Албанија, би влегла во Унијата веќе на почетокот на 2027 година. Македонија би седела на масата во Брисел, би учествувала во работата на Советот и комисиите, но нема да има право на глас во првата фаза.Како што ќе се затвораат поглавјата, земјата ќе добива поголеми надлежности до целосно прилагодување на системот. Ова сценарио…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 разјасни една од најголемите дилеми за возачите поврзани со новиот систем „Сејф Сити“ – што се случува кога возилото ќе се најде среде крстосница поради метеж? Иако камерите во тест-периодот ваквите ситуации ги бележеле како поминување на црвено светло, софтверското решение е коригирано. Сега, доколку влезете на зелено, но не ја напуштите крстосницата навреме и го блокирате сообраќајот, ќе бидете казнети за „забавување на сообраќајот“. „Тој прекршок нема да биде третиран како поминување на црвено, туку како отежнување на движењето во рамки на крстосница. Казната за ова е…

Повеќе

Денеска околу 16:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“, патничко возило „бмв“ и мотоцикл „сузуки“, управуван од А.К. Според информацијата, при отворање на предната десна врата од страна на совозачот од патничкото возило „пежо“, Д.О., мотоциклистот паднал на коловозот и удрил во патничкото возило „бмв“. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.К., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид, а се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата.

Повеќе

На 19.02.2026 во 02:28 часот во СВР Скопје, Т.Д.(43) од с.Булачани, скопско, пријави дека во с.Црешево, по претходна расправија во угостителски објект, бил физички нападнат од неколку лица, кои му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Повеќе