Author: Author 04

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утрово даде детален отчет за сработеното во изминатите две години, потенцирајќи ги институционалните реформи и безбедносните резултати. Настанот се одржа во Центарот за обука во Идризово, каде министерот се осврна на сите клучни сегменти од полициското работење во неговиот мандат. Тошковски напомена дека МВР во овој период значително ги зајакнало капацитетите и ја унапредило борбата против организираниот криминал и корупцијата. „Од првиот ден ја презедовме обврската безбедноста да биде највисок приритет. Изминатите две години се соочивме со бројни безбедносни предизвици, но покажавме дека со посветеност, интегритет и меѓународна соработка, може да се постигнат видливи…

Повеќе

Викендот започнува со интересни астролошки влијанија кои носат различна динамика кај сите хороскопски знаци. Погледнете што прогнозираат ѕвездите за оваа сабота. Овен (21 март – 19 април) Сабота ви носи силен налет на енергија за акција. Идеален ден е да го поминете на отворено или да спортувате. Во љубовта, партнерот очекува малку повеќе внимание од вас – не ја префрлајте нервозата од работната недела дома. Бик (20 април – 20 мај) Денес фокусот ви е на домот и семејството, објави 4news.mk Можеби ќе посакате да преуредувате или да направите нешто убаво за најблиските. Финансиите ви се стабилни, но избегнувајте импулсивна…

Повеќе

СДС и ДУИ и од опозиција не придонесуваат никако за реформските процеси и со своите постапки продолжуваат да ги блокираат законските решенија кои се дел од Реформската агенда, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „На СДС и ДУИ треба да им биде јасно дека станува збор за реформи кои се во интерес на граѓаните и на државата, а не за партиски прашања. Затоа е јасно дека со ваквото однесување СДС и ДУИ не и мислат добро на Македонија, а граѓаните тоа добро го препознаваат. СДС и ДУИ 7 години беа на власт и не испорачаа никакви реформи, а денес од опозиција повторно одбиваат…

Повеќе

Откако ЗНАМ се распадна и повеќе не постои како функционална структура, Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов сателит, велат од СДСМ. „Последните двајца преостанати во ЗНАМ – Горан Минчев и Максим Димитриевски сега се борат за фотелји.  Кога и таа последна битка ќе заврши, бидејќи можеби и нема да останат во Владата, Мицкоски ќе остане без инструментот што го користеше за да го ослабне опозицискиот блок. Затоа веќе започнува со создавање на ново „здружение“. Тоа е дел од истата стратегија што ја применуваше и досега – создавање на вештачки политички субјекти чија единствена цел е да го ослабнат…

Повеќе

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури се движеа во интервал од 12 до 20, а максималната дневна ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје и околината се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во главниот град ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, каде минималната температура…

Повеќе

Одлуката за воведување ограничувања за движење во шумите не значи целосна забрана за граѓаните да влегуваат во шумски предели, туку воведување задолжителна евиденција преку издавање дозволи, појасни директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, мерката е превентивна и има цел да се намали ризикот од појава и ширење на шумски пожари во периодот со високи температури. Првиот човек на ДЗС децидно укажува дека граѓаните и натаму ќе можат да ги посетуваат овие места, но под строго утврдени правила. „Движењето во шума всушност не се забранува, само се воведува обврска да се извади дозвола која служи за…

Повеќе

Вчера во 20:10 часот, на автопатот Скопје–Гевгелија кај местото Милетково, полициски службеници од ОВР Гевгелија лишија од слобода 60-годишен српски државјанин. При сообраќајна контрола со радар, било констатирано дека тој управувал патничко возило „бмв“ со српски регистарски ознаки со брзина од 221 километар на час, на дел од патот каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека возилото е одземено, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Лишени од слобода 19 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца под дејство на алкохол и еден со брзина поголема од дозволената Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 16 управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца под дејство на алкохол и еден со брзина поголема од пропишаната. Осум лица во Скопје (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, по двајца во Тетово и Куманово и по еден во Прилеп, Битола, Македонски Брод…

Повеќе

Вчера во 15:20 часот во ОВР Гостивар, 22-годишна жена од Гостивар пријави дека подолг период била физички и психички малтретирана од нејзиниот партнер Б.И. од Гостивар. Според пријавеното, пред три години тој ѝ нанел тешка повреда, а на 18.06.2026 повторно физички ја нападнал и упатил закани на неа и на нејзин пријател. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот Б.И., при што била пронајдена ловечка пушка која припаѓала на неговиот покоен татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата се разви на денешната собраниска седница посветена на измените на Законот за основно образование. Пратениците од опозицијата реагираат дека законското решение е направено без дебата и стручно мислење и дека со него нема да се решат проблемите, туку ќе се продлабочат. Од друга страна, пратениците од власта уверуваат дека нема да има отпуштања на наставници и нема да се намали квалитетот на наставата. Според Сања Лукаревска од СДСМ, со реформата ќе се сведат наставниците на подобни и неподобни и наместо подобрување на квалитетот на наставата, ќе се намали квалитетот и ќе се засили иселувањето…

Повеќе