- На четиричлено семејство потребни му се 1.120 евра за да го помине месецот
- Малолетно девојче нападнато во Бардовци
- Судир на три возила кај Битола: Повредени четири лица, возач возел под забрана
- Паднаа 12 млади за поседување дрога
- Норвешка забрани користење АИ во основните училишта
- Уживајте во викендов: Од понеделник пресврт на времето
- Железница привремено ги укинува возовите поради „Градски воз“
- Ригорозни казни за големите маркети: Мицкоски најави 10 пати поголеми глоби за тие што прават профит на грбот на граѓаните
Author: Author 04
Техничкиот персонал на аеродромот во Мајами остана затечен по рутинската инспекција на авион од типот „Boeing 737 MAX 8“ на компанијата „American Airlines“, кој пристигнал од Меделин. На десното крило на леталото биле откриени оштетувања за кои се верува дека се настанати од истрели од огнено оружје. Иако авионот со 172 патници слетал безбедно и без никакви пријавени проблеми за време на летот, дупките биле забележани дури откако леталото било паркирано на излезната порта. Оштетувањето е лоцирано на елеронот, кој е критичен дел за управување со авионот. Истражителите во моментот се обидуваат да утврдат каде точно се случил инцидентот –…
Првите кокичиња веќе се појавија во градините, а според народните верувања и набљудувањата на природата, нивното рано цветање е сериозен сигнал за тоа какви временски прилики нè очекуваат во претстојните месеци. Доколку овие цветови се појават пред крајот на февруари, тоа често најавува променлива и дождлива пролет, по која следи долго и суво лето. Природата на овој начин ја „забрзува“ вегетацијата за растенијата да се подготват за претстојните суши. Ниските стебла на кокичињата во овој период се знак дека земјата е сè уште студена, додека краткото траење на нивното цветање обично најавува нагло пристигнување на летните горештини. Покрај флората, традицијата…
Основното јавно обвинителство во Куршумлија поднесе кривична пријава против Р. С. (61) од Ѓуревац кај Блаце за кривично дело предизвикување општа опасност, објавува Решетка. Случајот се однесува на 20-месечно бебе од градинката „Наша радост“ во Блаце, кое се разболело откако испил течност од шише донесено од дома. „Постапувајќи по пријава од Здравствениот дом „Блаце“ дека на 22 јануари 2026 година, околу 9 часот наутро, малолетно дете на возраст од околу 20 месеци е примено во оваа здравствена установа, откако му се слошило кога испил течност од шише што го донел од дома во просториите на градинката „Наша радост“ во Блаце,…
Европската Унија ќе продолжи да обезбедува сеопфатна поддршка на Украина, соопштија денес Европскиот совет, Европската комисија и Европскиот парламент. „Европската Унија ќе продолжи да обезбедува сеопфатна политичка, финансиска, економска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка на Украина и нејзиниот народ. Ние остануваме најголемиот донатор на Украина“, изјавија Антонио Коста, Урсула фон дер Лајен и Роберта Макола во заедничка изјава. Во соопштението се наведува дека ЕУ донирала речиси 200 милијарди евра на Украина од 2022 година. ЕУ: Русија не ги постигнала своите целиЛидерите на ЕУ, исто така, додадоа дека Русија не ги постигнала своите цели, поради што ги напаѓа украинските цивили. „Со…
Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања, велат од СДСМ. „За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата. Има пари за луксузирање на власта, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците. Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите…
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А.(45) од Скопје пријави дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавал, при што едниот од нив снимал со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.М.(20), М.А.(19) и тројца малолетници, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин. На 09.02.2026 во Прилеп, пријавените влегле во куќата на Е.И. и со употреба на физичка сила од неа одзеле пари, личен накит и други предмети. На 12.02.2026 во Прилеп, пријавените ја пресретнале Е.С., и со употреба на физичка сила од неа одзеле паричник со пари, мобилен телефон и други предмети. Додека, на 15.02.2026 во Прилеп, пријавените со употреба на физичка сила од лице кое управувало велосипед одзеле чанта со…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.А.(64) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 06.02.2026 во двор од семејната куќа во Делчево, пријавената физички нападнала малолетник , кој си играл со нејзиниот малолетен внук.
Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (среда, 25.02.2026 година), без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.Центар (од 07:30 до 15:30 ч.): ул. Никола Тримпаре бр. 15, делови од ул. Мирослав Крлежа (бр. 16-20) и локали на бул. Климент Охридски кај бр. 54. Центар (од 09:30 до 15:30 ч.): ул. Мирослав Крлежа на броевите 52, 54, 56, 58, 60 и 62. Чаир (од 08:00 до 14:30 ч.): Целиот комплекс Retail Point Park. Студеничани (од 09:00 до 13:00 ч.): Дел од с. Студеничани кај месноста Бурдем.
ДИЖС соопшти дека е забележана угината единка Балкански Рис (Lynx lynx), возрасна женка.Балканскиот рис е забележан денеска околу 06.00 часот на патот Охрид – Ресен, на патот кај с. Буково. Надлежните служби извршија теренски увид во соработка со Македонско еколошко друштво и Државен Инспекторат за животна средина. Угинатата рисица ќе биде однесена на обдукција во Скопје на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Скопје, соопшти ДИЖС.
